Црниот дроб е поврзан со бесот, стравот со бубрезите - Како влијаат емоциите врз здравјето?

Состојби како што се депресија, прекумерна грижа, страв, вина или лутина, со текот на времето доведуваат до промени во физичкото здравје на една личност. 

Belite drobovi se vrzani so tagata crniot drob so besot stravot so bubrezite 01

Според кинеската медицина, емоциите се основната причина за заболување, а секој орган е поврзан со одредена емоција.

На пример, белите дробови се врзани со тага, црниот дроб со бесот, стравот со бубрезите, стомакот со грижите. Секој орган има и свој вкус. Белите дробови сакаат зачинето и луто, црниот дроб кисело, слезината благо, а бубрезите солено.

Слободно може да се каже дека емоциите можат да предизвикаат болести и дека психосоматската медицина е научна дисциплина, која се занимава со проучување на психолошките фактори кои се најважни при појава на одредени болести.

Сите сте слушнале приказни дека некој имал срцев удар после стрес на работа, добил дијабетес после сериозна расправија или губење на близок член на семејството.

Во нашето опкружување честопати имаме можност да слушнеме дека на некој му се покачува притисокот кога ќе се вознемири.

Зголемениот крвен притисок обично се должи на репресиран гнев. Често потиснување на гневот доведува до нарушување на правилното држење на телото.

Стравот, несигурноста и различните состојби на вознемиреност можат да го блокираат спонтаното дишење, што доведува до астма, бронхитис и разни алергии.

Belite drobovi se vrzani so tagata crniot drob so besot stravot so bubrezite 03

Најчувствителни зони

Дигестивен систем - лицата кои се повлечени имаат големи проблеми со нивниот дигестивен систем, особено ако имаат потешкотии во комуникацијата. Таквите луѓе најчесто страдаат од гастритис или чиреви.

Грб - Колку пати сте ја слушнале или кажале фразата: „Ме боли грбот.“ Но тешко е да се каже дали грбот навистина ве боли или се работи за ментална состојба? Чувство на депресија, акумулирано незадоволство и гнев предизвикуваат болки во грбот - велат научниците.

Респираторниот систем - бронхиите и белите дробови се под големо влијание на надворешните проблеми. Астматичарите често истакнуваат дека нешто ги задушува или притиска во градите, но причините секогаш се психолошки, затоа што се задушуваат од одредени луѓе, ситуации или настани.

Кожа - осип, мозолчиња или пеги на лицето, покажуваат дека некое лице не се чувствува добро во својата кожа. Различните состојби на кожата индиректно укажуваат на тоа дека сакаме да отфрлиме некои луѓе или ситуации.

Belite drobovi se vrzani so tagata crniot drob so besot stravot so bubrezite 02

Бидејќи влијаат врз здравјето, треба да бидеме внимателни со емоциите, особено кога нè водат во насока што не ја сакаме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg