Мали, но значајни животни промени што ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста

Иако можеби веќе ви е преку глава од „лековите“ за анксиозност што ви ги предлагаат сите, важно е да сфатите нешто – малите промени во секојдневните навики навистина можат да ви помогнат да ја контролирате анксиозноста.

mali-no-znachajni-zhivotni-promeni-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spravite-so-anksioznosta-01.jpg

Ова, се разбира, не е магичен лек што веднаш ќе направи да исчезнат сите ваши проблеми. Но, добро е да знаете дека не сте беспомошни во вашата битка.

Истовремено, имајте на ум дека она што функционира за една личност, не значи дека и вам ќе ви биде од корист, но не значи и дека за вас нема надеж.

Неколку луѓе кои страдаат од анксиозност решиле да споделат кои мали промени навистина им помогнале, а вие можете да одберете што е најдоброто за вас:

Секое утро местете си го креветот

„Секое утро си го местам креветот. На овој начин уште на почетокот од денот се чувствувам како да сум направил нешто. Покрај тоа, колку и да бил стресен денот, кога ќе се вратам дома не ме пречекува неред.“

Подесете го телефонот на нечујно

„Воопшто не сфаќав дека неочекуваните пораки и повици ми предизвикуваат анксиозност. Па, го подесив телефонот на нечујно.“

Разговарајте со другите за вашата анксиозност

„Почнав отворено да разговарам со блиските за мојата анксиозност. Кога ми е навистина лошо разговарам за тоа, наместо да го кријам.“

mali-no-znachajni-zhivotni-promeni-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spravite-so-anksioznosta-02.jpg

Ограничете го времето на социјалните мрежи

„Го ограничив времето поминато на социјалните мрежи. Ми изгледаше како анксиозноста да ми се влошува секогаш кога ги користев бидејќи постојано се споредував со другите. Ова имаше големо влијание врз мојата самодоверба.“

Слободно кажете „Не“

„Почнав да бидам искрен и да ги одбивам другите. Кога не сакам да направам нешто, го кажувам тоа. Сакам да им помогнам на другите, но и јас имам граници.“

Користете техники од когнитивна бихевиорална терапија

„Почнав да ги користам техниките од терапија. Најпрво се обидувам објективно да размислам за изминатиот ден. Размислувам што ми се случило и потоа ги оценувам настаните. Но, за да можам да оценам некој настан, треба да си дадам ’докази‘. Бидејќи анксиозноста сака да ме убеди дека сум имал лош ден, се обидувам да се фокусирам на позитивните страни и на постигнатите резултати. Најчесто ова ми помага да сфатам дека всушност сум имал добар и продуктивен ден.“

mali-no-znachajni-zhivotni-promeni-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spravite-so-anksioznosta-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg