Мали, но значајни животни промени што ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста

Јога и медитација

„Јогата и медитацијата се незаменливи! Токму ова ми помага да останам присутна во сегашниот момент. Ми помага да останам приземјена и да не ѝ дозволам на анксиозноста да ме надвладее.“

Направете распоред или листа со обврски

„Имам планер, но користам и потсетници и апликација на мојот телефон која има охрабрувачки пораки. Ова е најдоброто нешто што сум го направил за мојата анксиозност.“

Вежбајте

„Почнав да одам во теретана. Најмногу ја користам лентата за трчање и статичните велосипеди. Едноставни и бавни вежби. Вежбам рано наутро, а ако во текот на денот почувствувам анксиозност, пешачењето или трчањето во место ми помагаат.“

mali-no-znachajni-zhivotni-promeni-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spravite-so-anksioznosta-04.jpg

Прифатете ја анксиозноста

„Успеав да го прифатам овој дел од мене, да ја прифатам мојата анксиозност. Ова ми помага да се ослободам од чувството на вина. Можеби не се ослободив од анксиозноста, но барем не се чувствувам виновна што ја имам.“

Отстранете ги токсичните луѓе од вашиот живот

„Ги отстранив сите токсични луѓе од мојот живот. Престанав да ги следам и новостите на политичките страници на Facebook и Twitter. Животот е многу подобар откако сум малку себичен и најпрво мислам на моите потреби. Колку злобно и да звучам, многу подобро се грижам за себе и за саканите откако се ослободив од некои луѓе.“

Направете рутина за спиење

„Си направив рутина за пред спиење. Можеби звучи смешно, но откако ќе се измијам заби, си ги мијам рацете со сапун од лаванда. Потоа си легнувам, го вдишувам мирисот од сапунот и си кажувам дека сум безбеден, физички, ментално и емоционално. Ова навистина ми помага.“

mali-no-znachajni-zhivotni-promeni-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spravite-so-anksioznosta-05.jpg

Водете дневник

„Кога ќе почнам да се чувствувам лошо, почнувам да пишувам во дневникот што се случило. Ова ми помага да откријам која е причината за мојата анксиозност и да најдам начин да се справам.“

Правете нешто со вашите раце

„Почнав насекаде да го носам гобленот што го везам. Ова ми помага кога и седам и разговарам со другите. Дури и ако не разговарам со некој, везењето ми помага да ја намалам напнатоста.“

Намалете со кофеинот

„Престанав да пијам кафе. Најчесто пијам билни чаеви, а одвреме-навреме пијам и бескофеинско кафе. Откако ја направив оваа промена, паничните напади се намалија.“

mali-no-znachajni-zhivotni-promeni-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spravite-so-anksioznosta-06.jpg

Станете порано и подгответе се за денот

„Почнав да станувам порано, за наутро да имам време да се подготвам за денот. Ова направи огромна разлика и имам време да си ги средам мислите пред да излезам од дома.“

Покажете благодарност

„Почнав да запишувам по три работи за коишто сум благодарна секој ден. Потоа одам на прошетка.“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
„Имам 23 години, а првиот паничен напад го добив на 13 - што правам во таква ситуација?“ „Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекад...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg