Мали, но значајни животни промени што ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста
Иако можеби веќе ви е преку глава од „лековите“ за анксиозност што ви ги предлагаат сите, важно е да сфатите нешто – малите промени во секојдневните навики навистина можат да ви помогнат да ја контролирате анксиозноста.
Ова, се разбира, не е магичен лек што веднаш ќе направи да исчезнат сите ваши проблеми. Но, добро е да знаете дека не сте беспомошни во вашата битка.
Истовремено, имајте на ум дека она што функционира за една личност, не значи дека и вам ќе ви биде од корист, но не значи и дека за вас нема надеж.
Неколку луѓе кои страдаат од анксиозност решиле да споделат кои мали промени навистина им помогнале, а вие можете да одберете што е најдоброто за вас:
Секое утро местете си го креветот
„Секое утро си го местам креветот. На овој начин уште на почетокот од денот се чувствувам како да сум направил нешто. Покрај тоа, колку и да бил стресен денот, кога ќе се вратам дома не ме пречекува неред.“
Подесете го телефонот на нечујно
„Воопшто не сфаќав дека неочекуваните пораки и повици ми предизвикуваат анксиозност. Па, го подесив телефонот на нечујно.“
Разговарајте со другите за вашата анксиозност
„Почнав отворено да разговарам со блиските за мојата анксиозност. Кога ми е навистина лошо разговарам за тоа, наместо да го кријам.“
Ограничете го времето на социјалните мрежи
„Го ограничив времето поминато на социјалните мрежи. Ми изгледаше како анксиозноста да ми се влошува секогаш кога ги користев бидејќи постојано се споредував со другите. Ова имаше големо влијание врз мојата самодоверба.“
Слободно кажете „Не“
„Почнав да бидам искрен и да ги одбивам другите. Кога не сакам да направам нешто, го кажувам тоа. Сакам да им помогнам на другите, но и јас имам граници.“
Користете техники од когнитивна бихевиорална терапија
„Почнав да ги користам техниките од терапија. Најпрво се обидувам објективно да размислам за изминатиот ден. Размислувам што ми се случило и потоа ги оценувам настаните. Но, за да можам да оценам некој настан, треба да си дадам ’докази‘. Бидејќи анксиозноста сака да ме убеди дека сум имал лош ден, се обидувам да се фокусирам на позитивните страни и на постигнатите резултати. Најчесто ова ми помага да сфатам дека всушност сум имал добар и продуктивен ден.“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





