Храна што ќе ви помогне во борбата против Алцхајмер и храна што треба да ја избегнувате

Постојат многу работи што го одржуваат здравјето на мозокот, а начинот на исхрана е една од најважните.

hrana-shto-kje-vi-pomogne-vo-borbata-protiv-alchajmer-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-01.jpg

Со правилна исхрана можете значително да го намалите ризикот од деменција и Алцхајмер, а едно истражување покажало дека одреден начин на исхрана, познат како MIND, може многу да помогне во ова.

Во продолжение погледнете кои се прехранбените продукти што ќе ви помогнат да го одржите здравјето на мозокот, но и храна што би требало да ја избегнувате.

Храна добра за мозокот

Бобинки

Бобинките се богати со флавоноиди, кои пак се одлична состојка за мозокот.

За време на 20-годишно истражување во кое учествувале илјадници луѓе, се покажало дека оние кои најмногу јаделе бобинки имале најмало влошување на менталната состојба.

Па, додајте боровинки, јагоди и слично овошје во вашето мени.

hrana-shto-kje-vi-pomogne-vo-borbata-protiv-alchajmer-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-02.jpg

Зелен зеленчук

Зеленчукот е одличен за целокупното здравје, а е доба храна и за мозокот.

Зелениот лиснат зеленчук, како спанаќ и марула, се покажало дека го забавува стареењето на мозокот.

hrana-shto-kje-vi-pomogne-vo-borbata-protiv-alchajmer-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-03.jpg

Јаткасти плодови

Наместо да јадете нездрави грицки, обидете се да консумирате јаткасти плодови.

Бадемите, лешниците и слично се богати со витамин Е, кој ја подобрува функцијата на мозокот.

За вкусна ужина можете да си направите и комбинација од јаткасти плодови и бобинки.

hrana-shto-kje-vi-pomogne-vo-borbata-protiv-alchajmer-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-04.jpg

Маслиново масло

Ако знаете барем малку за медитеранската исхрана, тогаш знаете и дека маслиновото масло ви е најголем сојузник за здрав оброк.

Се препорачува да го ограничите внесот на путер, маргарин и други зеленчукови масла и да ги замените со маслиново.

hrana-shto-kje-vi-pomogne-vo-borbata-protiv-alchajmer-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-05.jpg

Риба

Знаевте ли дека луѓето постари од 65 години постигнувале подобри резултати на тестовите за меморија ако јаделе риба почесто?

Рибата содржи здрави масти и витамини Б6 и Б12 кои се неопходни за мозокот.

Според исхраната MIND, доволно е да јадете риба еднаш неделно.

hrana-shto-kje-vi-pomogne-vo-borbata-protiv-alchajmer-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg