Корона вирус или алергија – како да направите разлика?

Симптомите се слични, но има неколку клучни работи по кои се разликуваат и треба да ги знаете пред да паничите.

korona-virus-ili-alerija-kako-da-napravite-razlika-01.fw.png

За жал, периодот на пролетни алергии оваа сезона се поклопи со експанзијата на корона вирусот, па пред да почнете да паничите затоа што кашлате, вреди да ги знаете разликите.

Кои симптоми упатуваат на алергија?

  • Кашлица
  • Затнат нос
  • Кивање
  • Недостаток на воздух
  • Замор
  • Сува кашлица
  • Главоболка
  • Чешање во носот, грлото, ушите
  • Насолзени очи

Што се однесува до корона вирусот, главни се 3 симптоми:

  • Отежнато дишење
  • Сува и тешка кашлица
  • Висока температура и треска

Некои случаи бележат и болки во телото, губење здив, силна болка во грлото, губење на чувство за мирис и вкус и промени во столицата, па затоа е важно да ја следите ситуацијата и да не остварувате контакт со многу луѓе ако не е неопходно и да останете дома, почитувајќи ги мерките и препораките од Министерството за здравство и на Владата.

korona-virus-ili-alerija-kako-da-napravite-razlika-2.jpg

Кои се главните разлики?

Корона вирусот предизвикува температура, додека алергиските реакции не.

Алергијата доаѓа пропратена со чувство на чешање во носот, очите, скокткање во грлото, но овие симптоми не се типични за вирусот.

Затнатиот и растечен нос, исто така е почест знак за алергија, отколку за вирусот.


Напомена: Во случај да се соменвате, контактирајте ги надлежните или матичниот лекар (телефонски) за да ги објасните симптомите. Секогаш е добро да се консултирате со стручно лице.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg