7 знаци дека се грижите за своето ментално здравје и никому не треба да се извинувате за тоа

Не дозволувате да врескаат по вас – врескањето влијае негативно на вашиот нервен систем и јасно им кажувате на луѓето да ви се обраќаат со смирен тон, дури и кога ви посочуваат што сте погрешиле.

7-znaci-deka-se-grizhite-za-svoeto-mentalno-zdravje-i-nikomu-ne-treba-da-se-izvinuvate-za-toa-01.jpg

Како што секој ден имате некои навики за физичка хигиена како миење на заби и туширање, така треба да имате и навики за „психичка хигиена“.

Мора да внимавате на своето ментално здравје и да се грижите за себе.

Многу луѓе оваа нега ја запоставуваат, а таа е клучна за квалитетен начин на живот.

Навики кои покажуваат дека се грижите за своето ментално здравје и за кои не треба да се извинувате никому:

- Си давате одмор и време за себе – без разлика дали тоа за вас подразбира мрзеливо лежење во кревет или прошетка сами во парк.

- Си дозволувате мали задоволства – од парче од омилената торта до квалитетно кафе, секој ден си приредувате мали мигови на радост.

- Не дозволувате да врескаат по вас – врескањето влијае негативно на вашиот нервен систем и јасно им кажувате на луѓето да ви се обраќаат со смирен тон, дури и кога ви посочуваат што сте погрешиле.

7-znaci-deka-se-grizhite-za-svoeto-mentalno-zdravje-i-nikomu-ne-treba-da-se-izvinuvate-za-toa-02.jpg

- Им верувате на своите емоции – знаете точно како се чувствувате во врска со некоја ситуација или човек и кои се вашите причини за тоа, доследни сте на себе и не потпаѓате под туѓи влијанија.

- Зборувате гласно за своите чувства – не ги криете чувствата и сите се свесни кога сте нервозни, кога тажни, кога вљубени, знаете дека покажувањето на емоциите е нормално и здраво.

- Прекинувате комуникација со непријатни луѓе – од лошиот сосед до завидливата пријателка, вие сте свесни дека животот е еден и нема потреба да си го загорчувате со мрачни луѓе, полни со негативна енергија.

- Се штитите себеси од непотребни информации – телевизија, интернет, радио, бомбардирани сме со политика, негативни вести, трачеви, но вие се фокусирате само на тоа што ве интересира и ги игнорирате иритантните информации за да не ви го расипат денот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg