Клучни хормони кои влијаат на вашето либидо и како функционираат

Додека факторите како животниот стил, вклучително и среќата во врската, многу влијаат врз вашиот сексуален нагон, вашите хормони се тие кои имаат најголемо влијание.

kluchni-hormoni-koi-vlijaat-na-vasheto-libido-i-kako-funkcioniraat=-1.jpg

Иако не можете да го контролирате начинот на кој нивото на хормоните се менува во текот на вашиот живот, ако знаете што се случува во вашето тело, тоа може да ви помогне да бидете посочувствителни кон себе и кон сексуалниот нагон што го имате.

Иако одлуката за секс е свесна одлука што ја донесуваме во моментот, хемикалиите во нашите тела влијаат на нивото на желба што ја чувствуваме пред и за време на сексот.

kluchni-hormoni-koi-vlijaat-na-vasheto-libido-i-kako-funkcioniraat-01.png

Постојат неколку клучни хормони кои играат улога во овој процес од кои секој е под влијание на различни (надворешни) фактори.

4-те најважни во продолжение:

Кортизол

Еден од највлијателните хормони кога станува збор за либидото е хормонот на стрес - кортизол. Психолошкото влијание на стресот секако може да игра улога во тоа дали сакаме секс или не.

Чувството на изнемоштеност и преоптоварување може да го отежне моментот, но влијанието што кортизолот може да го има и врз другите хормони во телото го прави толку моќен.

Тироидни хормони

Намалената или прекумерната активност на тироидната жлезда исто така може да влијае на вашиот сексуален нагон поради важните хормони кои се произведуваат во оваа област од телото.

Вашата тироидна жлезда произведува хормони кои го контролираат метаболизмот (влијаат и на енергијата и расположението), па ако тироидната жлезда не работи правилно, тоа може да влијае на вашиот сексуален нагон.

kluchni-hormoni-koi-vlijaat-na-vasheto-libido-i-kako-funkcioniraat-03.png

Естроген

Естрогенот е најчесто познат по неговата улога во развојот и одржувањето на женскиот репродуктивен систем - на пример, преку регулирање на менструацијата. Но, нивото на естроген може да влијае и на либидото.

Ниското ниво на естроген може да го намали вашиот сексуален нагон. Вашето ниво може да биде ниско во секој момент од вашиот живот, но естрогенот природно се намалува како што стареете и се приближувате до менопауза.

Поради оваа причина, многу жени доживуваат намален сексуален нагон додека се приближуваат и минуваат низ фазата на менопауза - иако некои жени сè уште го задржуваат своето либидо и покрај тоа.

Тестостерон

Тестостеронот е познат како машки хормон, но тој игра важна улога и во женското тело - од одржување на здравјето на коските, до одржување на сексуалниот нагон.

Како што стареете, нивото на тестостерон може да се намали, што може да влијае на вашиот сексуален нагон. 

Според некои истражувања, нисково ниво на тестостерон може да има негативно влијание врз либидото и кај мажите, и кај жените. 

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

5 работи што гинеколозите сакаат да ги знаете Не им е важно дали имате влакна, вагиналниот исцедок е нормален и многу е важно ...
Упатство како сами да ги проверите вашите гради за рак на дојка + кои се симптомите? Можеби изгледа страшно, но запознавањето на нашите тела е најдобриот начин да ги...
10 тивки сигнали кои покажуваат дека на вашето тело му треба помош Сува кожа - Ова е знак дека ви е потребно поголемо количество на витамин Е,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg