Што се омега-3 масни киселини, која е нивната функција и дали ви се потребни додатоци во исхраната?

Омега-3 масните киселини се добри за срцето и му даваат енергија на нашето тело, но повеќето луѓе воопшто не треба да земаат додатоци, особено не без консултација со лекар – што друго треба да знаете за омега-3 масните киселини?

shto-se-omega-3-masni-kiselini-koja-e-nivnata-funkcija-i-dali-vi-se-potrebni-dodatoci-01.jpg

Постојано слушаме за омега-3 масни киселини и сите знаеме дека се добри за нас.

Исто така, на скоро сите ни е добро познат фактот дека омега-3 масните киселини се најприсутни во рибата како лосос.

Што точно претставуваат овие масни киселини, кои се придобивките од нив и дали е потребно да внесуваме поголемо количество со помош на суплементи?

Што се омега-3 масни киселини?

Најпрво да разјасниме што се масни киселини.

Масните киселини се градежните единки на мастите во нашето тело, но и храната што ја консумираме.

Кога желудникот ја дигестира храната, ги разградува масите во масни киселини кои потоа се апсорбираат во крвта.

Тие се молекули составени од атоми на јаглерод, кислород и водород.

shto-se-omega-3-masni-kiselini-koja-e-nivnata-funkcija-i-dali-vi-se-potrebni-dodatoci-02.jpg

Постојат четири „главни“ видови масни киселини – заситени, монозаситени, полинезаситени и трансмасти.

Од четирите, заситените и трансмастите се поврзуваат со зголемен ризик за проблеми со срцето.

Омега-3 масните киселини спаѓаат во категоријата полинезаситени масни киселини кои делуваат позитивно на нашиот организам.

Бидејќи нашето тело не може да ги произведе сами, важно е да ги внесуваме преку храна.

shto-se-omega-3-masni-kiselini-koja-e-nivnata-funkcija-i-dali-vi-se-potrebni-dodatoci-03.jpg

Која е функцијата на омега-3 масните киселини?

Омега-3 масните киселини ја одржуваат функцијата на клетките во нашето тело.

Тие се дел од клеточната мембрана и ја поттикнуваат интеракцијата помеѓу клетките.

Истовремено, омега-3 масните киселини го снабдуваат телото со енергија и го поддржуваат здравјето на многу делови од организмот, како кардиоваскуларниот и ендокриниот систем.

shto-se-omega-3-masni-kiselini-koja-e-nivnata-funkcija-i-dali-vi-se-potrebni-dodatoci-04.jpg

Дали има придобивки од зголемено внесување омега-3 масни киселини?

Некои истражувања покажале дека омега-3 масните киселини можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести, но и ризикот од смрт ако веќе имате некоја ваква болест.

Истражувањата покажале дека можат да бидат корисни кај пациенти со Алцхајмер или деменција, а можат и да ги намалат триглицеридите.

Но, важно е да се нагласи дека повеќеот истражувања не покажуваат дека зголемениот внес на омега-3 масни киселини ги намалува ризиците од болести.

Генерално, истражувањата покажуваат дека овие масни киселини се добри за нашето здравје и само треба да внимаваме да не се појави недостаток од нив во организмот.

shto-se-omega-3-masni-kiselini-koja-e-nivnata-funkcija-i-dali-vi-se-potrebni-dodatoci-05.jpg

Кои се најдобри извори на омега-3 масни киселини?

Рибата е најдобриот извор на омега-3 масни киселини.

Но, има големо количество и во намирници како зеленчукови масла, јаткасти плодови (особено ореви), ленено семе и зелен лиснат зеленчук.

shto-se-omega-3-masni-kiselini-koja-e-nivnata-funkcija-i-dali-vi-se-potrebni-dodatoci-06.jpg

Дали треба да земате додатоци?

Ако се храните разновидно и немате проблеми со здравјето, нема потреба да земате додатоци и секогаш е подобро да ги внесувате со храна.

Ако сметате дека ви требаат и додатоци, морате да се консултирате со лекар. Земањето додатоци на своја рака може да биде и ризично.

Можеби, на пример, некои лекови што ги пиете не треба да се мешаат со додатоци со омега-3 масни киселини.

Ако, пак, не знаете колкава доза ви е потребна, можно е да се соочите со некои несакани ефекти.

Доколку имате високи триглицериди или некакви проблеми со срцето, можно е да ви требаат суплементи, но тогаш и вашиот лекар ќе ви го нагласи тоа.

Можно е да ви требаат суплементи и ако сте веган, вегетаријанец или многу ретко јадете риба. Но, и во овој случај, не земајте ништо пред консултација со лекар.

shto-se-omega-3-masni-kiselini-koja-e-nivnata-funkcija-i-dali-vi-se-potrebni-dodatoci-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg