Победете ги дијабетесот, дебелината и ракот со помош на алкалната храна

За да функционира нормално, на нашето тело му е потребна средина помеѓу 7 и 9 PH, односно алкална средина. Преработената храна, брзата храна, алкохолот, безалкохолните пијалаци, ГМО, месото и млечните производи го носат PH нивото во телото кон киселата средина.

Pobedete-gi-bolestite-so-pomos-na-alkalna-hrana-01.jpg

Организмот којшто содржи повеќе киселини, побрзо старее и почесто се разболува. Затоа, доколку сакате да останете млади и здрави што подолго, треба да внесете повеќе алкална храна во вашата диета.

Топ 5 алкални производи

Лисја од цвекло и цвекло

Моќен алкален производ којшто може да го заштити вашето тело од вируси, бактерии и слободни радикали.

Хељда

Хелдата е покорисна од пченицата. Јадете повеќе каша од хелда за да го зајакнете кардиоваскуларниот систем.

Диња

PH на дињата е 8,5. Во лето не пропуштајте шанса да уживате во свежа диња и лубеница, којашто е исто така корисна.

Ленено семе

Ленот е многу алкален и богат со витамин Е и растителни влакна. Неговиот антиинфламаторен ефект им помага на жените во менопауза.

Маслиново масло

Маслиновото масло го држи рекордот во содржина на витамин Е и монозаситени масни киселини.

20 најдобри алкални производи

Зрнести овошја – содржат многу антиоксиданти.

Бананата е многу здраво овошје.

Грозје – содржи мултивитамини и антиоксиданти.

Ананас – помага со слабеењето.

Грејпфрут – Содржи многу витамин А и Ц.

Портокали – штитат од настинка.

Лимони – најалкалниот производ, спречува настинки.

Авокадо – содржи монозаситени масни киселини коишто го зајакнуваат срцето.

Брокула – го намалува холестеролот.

Прокељ – богат со антикорозивни својства.

Карфиол–може да го замени лебот.

Моркови – содржат бета-каротен, којшто го подобрува видот.

Лук – го нормализира крвниот притисок.

Краставици – 90% вода, ја прават кожата здрава и млада на изглед.

Никулците се варат многу лесно и се богати со ензими.

Квасецот и другите ферментирани производи се пробиотици и се неопходни за микрофлората во цревата.

Алгите се добар извор на железо.

Киноа – го регулира нивото на шеќер во крвта.

Магдонос – помага со детоксикација на цревата.

Спанаќ – содржи многу витамини.

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg