Извитканата крцкава сланина стана хит на ТикТок - како се приготвува?

Корисниците на социјалните мрежи објавуваат сè и сешто: од правилни начини на шминкање, идеи за облекување, нови рецепти, еден куп идеи и трикови за приготвување храна. 

Kombinacija-od-krckavo-i-meko-Izvitkanata-krckava-slanina-stana-hit-na-Tik-Tok-01.jpg

Така, Инстаграм е познат по тоа што воведе неколку нови трендови: од Далгона кафето, до млекото со јагоди и најново тоник – кафето, а сега инфлуенсерите се селат и на ТикТок.

На оваа социјална мрежа вистински хит е рецептот за извиткана крцкава сланина.

Вообичаено, секогаш првично сите сме скептични кога ќе видиме некој рецепт за првпат и ни треба некој да ни каже дека се обидел да го направи и му успеало.

Сега, една новинарка се обидела да го направи овој рецепт и искуството го пренесува на Insider.

Во продолжение пренесуваме што пишува Абигејл Абесамис Демарес:

„Додека чекав рерната да се загрее на 190 степени Целзиусови, големиот плех за печење го обложив со алуминиумска фолија и ставив решетка во него. Потоа го отворив пакетчето со сланината и извиткав неколку ленти сланина, пред да ги наредам на решетката.

Виткањето на сланината ми одзеде повеќе време и дел од неа почна пак да се одвиткува. Исто така, оставив и неколку парчиња прави за да направам споредба.

Откако го наполнив плехот, го наместив тајмерот на 30 минути според упатствата на ТикТок и го ставив плехот во рерна. По 30 минути сланината изгледаше крцкаво, па ја извадив да се олади. Како што ветуваат во видеото, сланината беше мешавина од крцкаво и помеко и не беше премногу мрсна.

За време на готвењето, мрснотијата се слеала на алуминиумската фолија, па немаше потреба да се става дополнително на хартија за да се исцеди. За разлика од ова, правите парчиња беа крцкави во целост и малку посуви од извитканите.“

Како што вели таа, во иднина ќе се задржи на подготовката на сланината на вообичаениот начин затоа што виткањето одзема повеќе време, а чистењето мрснотија од сланина од решетката воопшто не е забавно.

Сепак, таа нагласува дека ако сакате мешавина од крцкава и пожива сланина, тогаш виткањето е вистинскиот метод за вас.

Погледнете го видеото за подготвка на сланината објавено на ТикТок:

@richardeats

Twisted Bacon. Absolutely delicious. @babyphotog @lowcarbstateofmind @houseofketo #Bacon #LearnOnTikTok #EasyRecipes #CrispyBacon #Delicious #Yum #

♬ original sound - RichardEats

Сепак, треба да имате предвид дека за вкусовите не се расправа и секој има свој начин како би сакал да ја јаде сланината: покрцкава или пожива, или пак во комбинација од двете.

Доколку и вие сте од оние што ја сакаат сланината пожива со помалку крцкави делови тогаш овој начин на подготовка е за вас.

Доказ за тоа е и тоа што има и такви на кои што овој начин на подготовка на сланината им се допаѓа, да ги погледнеме во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...

Најчитани неделава