11 јадења кои мора да знаете да ги зготвите ако наполнивте 20 години

Младите и неискусни готвачи најмногу се плашат од неуспех, но ако не пробате никогаш нема да откриете какви се вашите вештини.

11-jadenja-koi-mora-da-znaete-da-gi-zgotvite-ako-napolnivte-20-godini-01.jpg

Ако наполнивте 20 години, а сè уште чекате ручек, големи се шансите никогаш да не научите да готвите.

Па, наместо да ги малтретирате родителите или постарите браќа и сестри да ви го подготват појадокот, ручекот или десертот, земете ги работите во свои раце.

1. Пица

Секако, не морате веднаш да се откажете од омилената пицерија, но од време на време пробајте каков вкус ќе има пицата која сами ќе ја подготвите.


2. Палачинки

Основно јадење кое може да биде солено и слатко, за појадок, вечера или десерт, само за вас или за цело семејство.


3. Помфрит

Едно од најбрзите јадења кои може да го направите за мезе или ручек. Во комбинација со свежа салата - имате совршен оброк.

11-jadenja-koi-mora-da-znaete-da-gi-zgotvite-ako-napolnivte-20-godini-1.jpg

4. Инстант супа

Прво, мора да јадете супа што почесто. Второ, да, тоа може да биде и супа од кесичка, ништо страшно.


5. Печен зеленчук

Здрав додаток кој е секогаш добредојден ако сакате да ги смените брзо исечканите салати. Плус, ова е уште едно мерило колку се грижите за својата исхрана.

11-jadenja-koi-mora-da-znaete-da-gi-zgotvite-ako-napolnivte-20-godini-2.JPG

6. Салата

Освен што е задолжителен додаток во исхраната, сочната салата може да ви замени еден оброк. Мешајте зеленчуци со месо, сирење, кашкавал или некој сочен прелив и уживајте во вашето ремек дело.


7. Десерт во шолја

Едноставно е, брзо и слатко задоволство во моментите кога имате напад за благо.

11-jadenja-koi-mora-da-znaete-da-gi-zgotvite-ako-napolnivte-20-godini-3.jpg

8. Сладолед

Наједноставниот и најбрз десерт за кој може да добиете само пофалби.


9. Сосови за салати

Мешајте павлака, мајонез, кечап, додајте печурки, кисели краставички или зачини и ќе добиете совршен додаток по сопствен вкус.

11-jadenja-koi-mora-da-znaete-da-gi-zgotvite-ako-napolnivte-20-godini-4.jpg

10. Печени лиснати

Не мора да ги месите, тоа ви е јасно, но би требало да знаете да ги испечете без да ги изгорите.


11. Тестенини

Сварени или потпечени, со сос или само со сирење, тестенините се најбрзо решение за евтин ручек и вечера.

11-jadenja-koi-mora-da-znaete-da-gi-zgotvite-ako-napolnivte-20-godini-5.jpg

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Зошто не треба повторно да ја користите кремата за заштита од сонце од минатата година? Tоплите зраци на сонцето нè поттикнуваат да се препуштиме на активности на отвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg