„Ме освои со тоа што е сталожен и сигурен во себе, но не монотон. Има мир во него, ама и живот. Ја има таа смисла за хумор што не е наметлива, туку точно на место. Се грижи за себе, изгледа убаво, но уште поважно, знае да се грижи за луѓето околу него...“, вели некогашната каратистка Моника Стефановска (33) за својот сопруг Илија Мартиноски, тениски тренер по професија.