Леонид ја доби Златната Бубамара на ДНК: „Благодарение на хуманите луѓе, здравјето му оди на подобро“

Младиот Леонид кој е на лекување во Австралија ја доби Златната Бубамара на ДНК, по иницијатива на личноста која донира највисока сума на лицитацијата. Претходно, ДНК открија дека Лео ги добил и собраните средства.

leo-ja-dobi-zlatnata-bubamara-na-dnk-blagodarenie-na-humanite-lugje-zdravjeto-mu-odi-na-podobro01.jpg

Годинава, ДНК и Врчак освоија Златна Бубамара за „Хит на годината“, а исто како и лани, ја ставија статуетката на лицитација.

Овој пат, целта на дуото беше да собере пари за лекувањето на младиот Леонид Индов.

leo-ja-dobi-zlatnata-bubamara-na-dnk-blagodarenie-na-humanite-lugje-zdravjeto-mu-odi-na-podobro-03.jpg

Кон крајот на февруари, тие соопштија дека биле собрани дури 690.000 денари од лицитацијата, а највисоката сума што била донирана се 250.000 денари.

Панчо и Андреј кажаа и дека парите се префрлени на сметка на Лео, а вчера (24.03) открија дека тој ја добил и статуетката.

„Лео конечно си ја доби бубамарата, многу ве поздрави и ни кажа дека благодарение на сите вас добри и хумани луѓе, здравјето му иде на подобро и дека нема намера да се откаже“.

Претходно, Панчо и Андреј открија дека Кирче Митрески – кој ја донира најголемата сума – побарал статуетката да му биде испратена на Лео, како потсетник дека не е сам.

„Драги наши, собраните средства од хуманата лицитација, заедно со Златната Бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и нè замоли 'бубамарата' да стигне кај Лео, сè со цел да го потсетува дека не е сам.

Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија.

Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно“ стои во објавата од минатиот месец.

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Кои познати Македонци добија принова во 2025-та? Некогашната кошаркарка Едина Муса стана мајка и го доби синот Максим, син доби и...

Најчитани неделава