Се слави празникот Преображение господово – Денес не се оди во кафеани и не се спие преку ден

Се верувало дека ако денес спиете преку ден, ќе се преобразите во поспани и сонливи во текот на целата година, а денес треба да го пробате првото грозје – Кои обичаи и верувања се врзуваат за овој празник.

se-slavi-praznikot-preobrazhenie-gospodovo-denes-ne-se-odi-vo-kafeani-i-ne-se-spie-preku-den-01.jpg

На 19-ти август секоја година, православните христијани го слават празникот Преображение господово, кој се смета за еден од поголемите празници, а секогаш се слави една недела пред празникот Успение на Пресвета Богородица.

Овој празник го одбележува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета негова слава Петар, Јаков и Јован.

se-slavi-praznikot-preobrazhenie-gospodovo-denes-ne-se-odi-vo-kafeani-i-ne-se-spie-preku-den-02_copy.jpg

Според Библијата, по третата година од своето проповедање на земјата Исус Хрисот сѐ почесто им зборувал на своите ученици за неговото претстојно страдање, но и за неговата слава по страдањето на крстот.

Така 40 дена пред христовата смрт и распетие, тој одлучил да ги однесе тројцата апостоли во планината Тавор за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон него и таму им се покажал во својата ненадминлива сила.

se-slavi-praznikot-preobrazhenie-gospodovo-denes-ne-se-odi-vo-kafeani-i-ne-se-spie-preku-den-03.jpg

Апостолите забележале како лицето на Исус заблескало како сонце, а неговата облека побелела како снег, а покрај него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија.

Во тој миг апосотлите го слушнале гласот од небото, кој им порачал:

„Ова е мојот возљубен син. Него послушајте го!“

Откако го слушнале овој глас апостолите паднале на земјата и останале така лежејќи во страв сѐ додека Бог не дошол и не им рекол:

„Станете и не плашете се!“

Со оглед на тоа што овој празник се паѓа за време на богородичните пости, трпезата денес треба да биде посна, а се дозволува консумирање масло и риба.

se-slavi-praznikot-preobrazhenie-gospodovo-denes-ne-se-odi-vo-kafeani-i-ne-se-spie-preku-den-06.jpg

Според народните верувања, ова е еден од најголемите празници кога почнуваат да се преобразува природата и веќе се најавува идната есен.

Се верува дека по овој празник се преобразува и листот во гората, кој почнува да жолтее и водата, која станува постудена, па не е за капење.

Според народните верувања, на Преображение не требало да се спие преку ден, затоа што може да се преобрази и да стане сонлив и поспан во текот на цела година.

Исто така се верувало дека на овој ден не треба да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафеана, за да не станат безделничари.

se-slavi-praznikot-preobrazhenie-gospodovo-denes-ne-se-odi-vo-kafeani-i-ne-se-spie-preku-den-05.jpg

Во некои краеви од Македонија, на Преображение се берело првото грозје и требало прво да се однесе во црква и да се освети, а потоа да се проба за првпат во годината.

Традиционално, на овој ден во црква се дели нафора и вино.

Нашите предци верувале дека на овој ден небото се отворало и било светло како оган, а штом тоа ќе се случело дрвјата паѓале и се поклонувале.

se-slavi-praznikot-preobrazhenie-gospodovo-denes-ne-se-odi-vo-kafeani-i-ne-se-spie-preku-den-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...

Најчитани неделава