Калиопи за пријателскиот однос со бившите сопрузи: „Веројатно сум ги избрала вистинските мажи“

„Најубавата слика што мене ми се случи во животот е во еден момент кога ги видов своите бивши сопрузи на својот балкон како си дискутираат. И јас сама себеси си реков: ’Успеав!‘“ – рече синоќа Калиопи. Поп дивата зборуваше за својата финансиска независност во рамки на настан организиран од Халкбанк.

kaliopi-za-prijatelskiot-odnos-so-bivshite-sopruzi-verojatno-sum-gi-izbrala-vistinskite-mazhi-01.jpg

Нашата поп дива Калиопи синоќа (20.11) учествуваше на панел-дискусија организирана од Халкбанк, на настан кој ја славеше женската финансиска рамноправност.

Настанот Halk Soirée беше вистинско уживање за присутните, со настапот на Дино Јашари Трио, вкусната храна што се приготвуваше во живо, и секако, здравицата со чаша вино во чест на женската финансиска независност.

kaliopi-za-prijatelskiot-odnos-so-bivshite-sopruzi-verojatno-sum-gi-izbrala-vistinskite-mazhi-02.jpg

Како „шлаг на тортата“ беше и панел диксусијата што ја водеа нашата позната ТВ водителка Живкица Каленикова и поп-дивата Калиопи.

Калиопи во рамки на разговорот одговараше на повеќе прашања поврзани со нејзината финансиска независност и сопственото етаблирање како музички бренд на Балканот, иако, како што рече, сè уште не се смета себеси за тоа.

„Не сакам да размислувам за тоа, затоа што тоа ќе ме одведе настрана од она што е суштинското.

Веројатно сум бренд, тоа ми е јасно во однос на тој бизнис свет…

Но, верувајте, тоа секогаш им го препуштам на другите.

Затоа што јас ако премногу си давам значење на себе како бренд, тогаш уметноста ќе страда“ – рече Калиопи.

kaliopi-za-prijatelskiot-odnos-so-bivshite-sopruzi-verojatno-sum-gi-izbrala-vistinskite-mazhi-03.jpg

Таа одговараше на повеќе прашања поврзани со приватниот живот, па раскажа како на 10 години го заработила првиот хонорар, откако во МРТВ ја снимила песничката „Мојата учителка“ што ја пеела на „Златно славејче“ уште во далечната 1976-та година.

„Ми дадоа едно ливче да го потпишам и јас го добив својот прв хонорар.

Купив за сите по нешто, за мене немаше. Но, тоа беше моето прво чувство дека заработувам“ – раскажа нашата пејачка.

kaliopi-za-prijatelskiot-odnos-so-bivshite-sopruzi-verojatno-sum-gi-izbrala-vistinskite-mazhi-04.jpg

Освен за ова, Калиопи накратко зборуваше и за нејзиниот добар однос со поранешните сопрузи, Ромео Грил и Васил Зафирчев со кои е познато дека е во одлични односи.

Тие ѝ се поддршка во животот, ја бодрат и тука се заедно со неа да ги прослават сите нејзини успеси.

На прашањето колку нејзината финансиска независност влијаела врз тоа да има пријателски однос со нив, таа одговори:

„Морам да кажам дека најубавата слика што мене ми се случи во животот е во еден момент кога ги видов своите бивши сопрузи на својот балкон како пушат цигара и си дискутираат.

И јас сама себеси си реков: ’Успеав!‘.

Можеме колку сакаме да зборуваме за финансиската независност, но интелигенцијата на луѓето им дозволува својата претходна љубов којашто била страст, да ја репрограмираат и да ја трансформираат во нешто што се вика пријателство.

kaliopi-za-prijatelskiot-odnos-so-bivshite-sopruzi-verojatno-sum-gi-izbrala-vistinskite-mazhi-05.jpg

Јас тоа успеав да го направам.

Не дека било лесно. Тоа е работа, но само жената може да го направи тоа.

Само жената може да ги постави тие конекции, да ги разруши бариерите.

Јас сметам дека најверојатно не сум ги избрала погрешните мажи.

Затоа што не е само до мене, туку и до нив е“.

Прочитајте и Васил Зафирчев на концерт на бившата сопруга, Калиопи: „И по 40 години кариера, гори кога пее“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...

Најчитани неделава