Одржана церемонија на дипломирање на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ

odrzana-ceremonija-na-diplomiranje-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-03.jpg

Бројни студенти од регионот беа спроведени низ специјалната церемонија на дипломирање на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ којашто се одржа оваа сабота, на 24 ноември 2018 година во Концертната сала во Солун.

Дел од овој свечен чин беа и бројни македонски студенти кои своето образование го комплетираа на Меѓународниот факултет во текот на изминатите четири академски години.

odrzana-ceremonija-na-diplomiranje-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-04.jpg

Учењето во Солун, дипломата и искуството ми помогнаа за се понатаму што ми се случуваше во животот, и во професионалната кариера и на приватен план. Пријателите ми се од тука, а со познанствата што ги остварив дојдов до момент сега да можам да предавам неколку модули во одделот за Компјутерски науки на Факултетот. Квалитетот на студиите и тежината на дипломата не се мери со ништо друго што ми беше во близина дома, а и во целиот регион”, изјави Иво Нешковиќ од Скопје, дипломец и кандидат за докторски студии.

За Јанко Дракуловски, дипломец од МБА програмата, основна цел му била да го надгради софтверското знаење кое што го има стекнато со менаџерски вештини, за да може успешно да го води својот бизнис.

odrzana-ceremonija-na-diplomiranje-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-05.jpg

„Наставата на овој факултет е многу попрактична и се среќаваме со професори кои покрај академското имаат и реално искуство. Според анализите, Универзитетот Шефилд котира доста високо, а тоа што нашата држава обезбедува стипендии, како и близината на Солун се трите причини за мојот избор”, вели Дракуловски.

Специјалната прослава за дипломираните студенти, која ја следи истата академска поворка како и церемониите на Универзитетот Шефилд во Велика Британија инаку е искажување почит и уважување на трудот за стекнување престижно образование пред академската јавност од универзитетот. Сите студенти кои завршиле додипломски, магистерски и докторски студии на Меѓународниот факултет беа претставени на Ректорот и Заменик Канцелар на Универзитетот Шефилд, професор Гил Валентин, а од страна на потпретседателот за образование на Универзитетот, професор Вин Морган им беа доделени нивните дипломи.

„Денес е прекрасен ден, прослава, вистински знак за успех на студентите кои се тука,  денес се означува крајот на нивните студии и изборот каде ќе одат понатаму, треба да го славиме она што го направиле, нивните достигнувања, и нивните понатамошни успеси како дипломци на Универзитетот Шефилд и на Меѓународниот факултет, Сити колеџ, од Солун“, потенцираше Морган.

На церемонијата беа доделени и почесните дипломи за посебни достигнувања на г-дин Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун и г-ѓа Викторија Хислоп, реномиран автор.

odrzana-ceremonija-na-diplomiranje-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-02.jpg

Освен пријателите и семејствата на дипломираните студенти, на церемонијата беа присутни и претставници на властите и разни организации од Грција и од соседните земји, како и истакнати личности од академската јавност, бизнисот и политиката, кои го испочитуваа овој специјален настан со нивното присуство.

По церемонијата следеше прием во фоајето на концертната сала во Солун, а со оглед на екслузивноста и свеченоста на самиот чин, церемонијата за дипломирање на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ беше емитувана и во живо.

odrzana-ceremonija-na-diplomiranje-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-01.jpg

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ повеќе од две децении ги реализира програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и на други локации низ регионот на Југоисточна Европа и Кавказ, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат за диплома од Универзитетот Шефилд во нивната земја. Денес, Извршната МБА програма е достапна во Солун, Софија, Букурешт, Белград, Киев, Ереван, Тбилиси и Баку, додека во Софија и Букурешт се нудат серија магистерски програми и низа програми за додипломски студии. Дипломата се доделува на студентите кои ги завршиле студиите на од Универзитетот Шефилд, којшто е рангиран меѓу 1% од најдобрите универзитети во светот (на 75 место во светот и на 22 место во Европа според Светска листа за рангирање на универзитети, QS за 2019 година).

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Ивона Јо истрча трка во чест на починатиот татко: „Се надминав себе и своите стравови“ „После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивн...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Актерот Висар Вишка се венча со саканата, 3 години откако го добија првото дете - невестата со косту... Актерот Висар Вишка стапи во втор брак, а со саканата Мерима се венчаа во Скопје...

Најчитани неделава