Вирален статус по несреќата со автобусот: „Тажно е што само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот“

„Дали сме доволно добри? Дали доволно љубиме? Тажно е што само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот и брзо продолжуваме по старо...“, гласи виралниот статус кој кружи кај нас на социјалните мрежи.

viralen-status-po-nesrekjata-so-avtobusot-tazhno-e-shto-samo-vo-tragedii-se-sekjavame-shto-e-vazhno-vo-zhivotot-01.jpg

Кога ќе се случи некоја огромна трагедија, како оваа со сообраќајната незгода на автобусот во Бугарија, во која многу лица го загубија животот, тогаш малку се освестуваме дека работите ги земаме здраво за готово и дека не го цениме животот.

Едноставно, не живееме со полн здив, не сакаме доволно, не правиме сè што е во наша моќ за да блеснеме на секое поле и да останеме запаметени по добро.

Вирален статус на Македонец на темава кружи на социјалните мрежи.

Статусот на Божидар Божиновски:

„При вакви трагедии човек секогаш прави и интроспекција на својот живот, на минливоста на истиот, крајот кој е неминовен, а некогаш и толку грубо и неочекувано доаѓа.

Дали сме доволно добри? Дали доволно љубиме? Дали нашето постоење го прави светот малку подобар?

Што ќе остане после нас ако бидеме вака прекинати, со недокажани зборови, премолчени љубови, фокусирање на ситни проблеми кои ги правиме да изгледаат како товар што не се носи… Ги губиме дните за ко ќе е доцна да ни остане само каење.

Бидете добри, кон сите, гушнете ги блиските, саканите, децата, јавете се на оние кои долго ги немате слушнато, кажете „те сакам”, „ти простувам”, „прости ми”…

Тажно е што само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот и брзо продолжуваме по старо.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со случка од скопски маркет: „Жена немаше пари за прашокот за перење - дечко направи потег... „На каса во еден од големите маркети, стои жена со пет основи артикли во рацете ...
Тин ѕвездата Миха Гигов наполни 18 години, Цаци Паковска горда на него: „Порасна во прекрасен маж и ... „Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш. Остана п...
Вирален статус на Македонка: „Интелигентна жена кај нас е к*чка, добра е глупава, а атрактивна – блу... „Во Македонија жената кога е интелигентна и образована ја нарекуваат к...
„Нека Бог ве води“ - Атрактивната водителка, Емакулате од Кенија, позираше новогодишно со сопругот М... „Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заед...
„Минче ти си пример како едно девојче треба да се бори“ - Весна Петрушевска емотивна за 21-иот роден... „Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограм...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...

Најчитани неделава