Гаро Тавитијан со емотивна објава за соученикот Славиша Кајевски: „На еден час по Македонски јазик седевме заедно“

„Мој соученик во исто одделение во основното школо Владимир Илич Ленин (Гоце Делчев) во центар. На еден час по Македонски јазик седевме заедно и добивме училишна задача да напишеме расказ. Славиша со темпераментен дух заинтересирано духовито...“, ја почнува емотивната приказна Гаро Тавитијан за прерано починатиот Славиша Кајевски.

garo-tavitijan-so-emotivna-objava-za-souchenikot-slavisha-kajevski-na-eden-chas-po-makedonski-jazik-sedevme-zaedno-01.jpgфото: Фејсбук Гаро Тавитијан

Денес (02.12) почина нашиот актер Славиша Кајевски на 39-годишна возраст.

„Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите!“, напишаа од МНТ за талентираниот актер

Гаро Тавитијан сподели емотивна објава на Фејсбук за Славиша, неговиот другар од основно училиште:

„Мој соученик во исто одделение во основното школо Владимир Илич Ленин (Гоце Делчев) во центар. На еден час по Македонски јазик седевме заедно и добивме училишна задача да напишеме расказ. Славиша со темпераментен дух заинтересирано духовито се занимаваше со соучениците и скокотливи шали, тивки насмевки кои одат кон тивка кулуминација (за да не те слушне наставничката) и дојде моментот кога наставничката го примети Славиша дека ги анимира и засмејува соучениците и го крена токму него на час да го прочита својот расказ.

Јас ја погледнав неговата тетратка во тој момент и гледам дека освен наслов и училишна работа друго нема ништо на хартијата, нема текст и нема расказ. Славиша станува и јас помислив дека сега ќе каже дека нема напишано ништо и ќе се извини, но тој почна во момент да рецитира и да чита од празната голема тетратка еден најпрекрасен расказ и тоа течно и со бујна имагинација во самиот момент, неверојатен расказ.

Неверојатен талент и капацитет на повеќе полиња.

Урбан градски лепотан.

Математика му одеше многу јако како предмет, беше ученик со генијална интелегенција, човек син на воено лице и дисциплината му беше императив во секоја смисла, а ведриот дух и харизма незаменливи. Беше неверојатно енергичен со огнена енергија.

Потоа животот ни отиде на различни страни (се отвори светот за да се отпатува во секоја смисла со телото и духот и тоа на сите ни го одзема времето) и иако не бевме во честа комуникација секогаш кога ќе го видев на некој настан се потсетувавме на деновите во основно. Гледав театарски претстави со Славиша бидејќи еден период правев музика за претстави и Славиша како култен актер беше секогаш секаде обожаван и присутен.

Другару драг непреболен и легендо почивај во мир!“

И другите познати личности му оддадоа последна почит на Славиша - „Каков удар сине!“ - Македонските познати личности со емотивни објави по смртта на актерот Славиша Кајевски

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Слаткар 4 месеци по трагедијата во Кочани: „Не можев да спијам со денови, па јас 8 пати сум настапув... „Јас сум пеел во тоа место 8 пати, јас сум им пеел на тие деца таму. Да, мене ми...

Најчитани неделава