Спасени животни, бројни хумани гестови: Убави и забавни моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2022 година
Мики од Гевгелија и Марина од Скопје се венчаа оваа година, а на свадбата направија навистина хуман гест – тие побараа од нивните гости наместо букет цвеќе, да остават одредена сума пари во кутија за донации. Со овие пари, тие платија девет сметки за струја на неколку семејства кои биле пред исклучување.

Две од четирите мечки во Скопје ЗОО беа испратени во резерват во Швајцарија каде што ќе имаат многу поубав живот. Истовремно, и двете мечки што останаа ќе имаат многу подобар живот бидејќи сега имаат повеќе простор, но и реновирано живеалиште.

Две Македонки на возраст од 49 и 51 година годинава си ја исполнија желбата да станат мајки по бројни неуспешни обиди за асистирано оплодување. Со ова, тие им влеаја надеж на бројните други жени кои се во слична положба.


Чичко Ванчо, кој е бездомник, доби помош од македонските јутјубери од шоуто Big Buck. Тие му дадоа нова облека, топол туш, храна, како и 20.000 денари. Момците од шоуто ветија и дека ќе го однесат чичко Ванчо на лекар и ќе му помогнат да си купи очила за гледање.

Билбордот со натпис „Извини Мони“ што „осамна“ во Скопје ни го разубави денот на многумина. Иако уште не знаеме кој се крие зад билбордот и што ѝ згрешил на Мони, сепак станува збор за сладок гест и се надеваме дека Мони простила.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео)
Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ...
„Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео)
И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото)
Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“
„Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол...
Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...