Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија, бабата на Исус, иако главен празник на оваа светица е на 9 септември.
Вели дека речиси и не постои место што не го посетил во оваа земја од информации за плажи со тиркизна вода до искрени поплаки од хигиената на одредени места, Пеце од Суперхикс ја доловува ситуацијата од летниот одмор во Албанија, земја која вели дека многу често му е дестинација за летен одмор.
Со фотографии на Инстаграм, на кои се среќни и заљубени, Сања Ристиќ и Перо Антиќ открија дека слават 2 години во врска.
Јана Спирковска, сестра на моделот Стефан Спирковски, заедно со партнерот Александар Спасенцовски и уште двајца музичари настапува во бендот „Public bend“. Александар Спасенцовски е музичар исто како неговиот брат Роберт, како и нивниот татко Боби.
Веќе 7 години таа ја прави својата препознатлива фотосесија, па од безгрижна девојка, до девојка која се бори и изборува за својот живот, до прекрасна трудница и денес мајка со син... Александра Шијакоска блеска секоја година.
„Јас ја чувам традицијата фамилијарно, кој пробал – знае. Во Шлегово солта се к'ца со непогрешлива прецизност. Основната состојка за овој традиционален зачин е камена или морска сол на која се додаваат различни билки: царевка, пипер, мајчина душица, повечерка, свиндел, босилок, џоџан, везенка, ноктец, мамец“, вели Стевче Доневски (60) од Шлегово за CRNOBELO.com.
„Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели кои постојат и ден денеска. И баба ми, ах таа ми беше посебна љубов. Тооолку ѝ се радував кога доаѓав“, споделува Тамара Тодевска додека престојува во Србија.
Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допишувале на Фејсбук, биле на крстарење заедно, и по околу половина година направиле свадба во Македонија, а тој се преселил во САД, но таму започнал хоророт... Дел од исповедта на Дарко за првата сопруга гласи: „Нејзината мајка имала 12 деца, со полубраќа и полусестри, и ги има дрогирано од мали нозе. Таа беше зависничка од кристал мет“.
„Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор. Го изгубив времето, луѓето, љубовта. Се изгубив себе. Се будев со треперливи раце, со глава тешка како камен, со срам кој не сакаше да молчи. Но една вечер, нешто се скрши. Одлучив. Последната чаша беше последната капка. Повторно дишам. Повторно сум буден. И конечно присуте“ - пишува Таско за борбата со алкохолот.
Потег за пофалба! Лазар Бараков не го заборава својот пријател... Царот Ѓорѓи Колозов и понатаму живее во своите улоги, во разговорите и сеќавањата, во колективната меморија, во душата на овој народ.
„Накит и да го пронајде некој, нема начин да го пронајде сопственикот, затоа објавив на социјалните мрежи за изгубената алка и потоа се случи вистинско чудо. Објавата допре до толку многу луѓе, цел ден ми пишуваа луѓе што не ги познавам дека ќе одат на Водно и ќе пробаат да ја најдат алката и една девојка успеа“, вели Драгана Гага (41) од Скопје за CRNOBELO.com.
Поранешната девојка, Ева Заева, со која Душко Чифлиганец беше во врска неколку години, на Инстаграм Стори сподели емотивна објава - црнобела фотографија и скршено срце.
Од светлечки фонтани до совршено уреден кеј и детски игралишта, а сето тоа закитено со многу цвеќе - Крива Паланка блеска во освежено, летно издание.
Стефан од Некст Тајм со сопругата во Охрид, Јелена Спенџарска ужива на одмор во Хрватска, по одморот во Грција, Драган Спасов Дац со сопругата Весна е на море, а Ведрана Ѓорѓевиќ со сопругот живее живот во куфери и со него оди на сите дестинации каде настапува како диџеј.
Откако во јавноста се прошири веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи.
Русата коса им е препознатлив знак и ова лето... Во комбинација со впечатливи монокини и бикини, нашите познати русокоси блескаат на плажа ова лето 2025. Од Наташа Фигурела до Марјана Станојковска...
„На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ. Тогаш сè изгледаше како игра. Следуваше телевизијата Сител, каде што учествував во емисиите „На детски начин“, „Сител бамбини“, а потоа и тинејџерската „Seventeen“, кои мојата генерација ги памети со љубов“, ја започнува својата приказна Ивана Мангароска за CRNOBELO, која денес е сопруга и мајка на 2 деца и уште ја гледаме на ТВ екраните.
„Една е Лепа Брена“ - напиша познатиот фризер и шминкер од Струмица, која со години се грижи за Брена, но и многу регионални и светски ѕвезди кога доаѓаат во Македонија.