„Сите што работат на брод знаат дека треба да бидеме екстремно љубезни со гостите за бродската компанија да не добие некој негативен фидбек од нив. Има многу нехумани гости, но ние сепак мора да ги толерираме“, изјави Ноне Неделковска во едно интервју за CRNOBELO.com, но сепак вели дека обожава што оваа работа и ја дава можноста да го види светот.
„Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав, имаше лавовско срце и немаше страв од никого. Толку бевме блиски што ме викаше тате. Како син си го сакав...“ - вели Наум Петрески низ солзи и со скршено срце, откако собра сила, три месеци по трагедијата да зборува за својот близок пријател Андреја Ѓорѓиески од ДНК.
„Од 116kg на 86.2kg - 30 килограми помалку - 30 причини повеќе да се гордеам со себе. Ова не е само слабеење, ова е будење“, вели шеф Никола, кој успеа да се трансформира за неколку месеци.
„Ја киднапирале и ја однеле. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое. Вања не е само број на жртва. Вања беше живот – со очи, со глас, со планови. Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветоодделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура...“, трогателно споделува мајката на убиената Вања на крајот од тешкиот судски процес.
„Разводот беше тежок момент, но потребен. Сега сум во врска со прекрасна жена - силна, самосвесна и успешна во својата кариера, која не е само моја поддршка, туку и моја инспирација“ - вели за CRNOBELO.com Александар Јосифовски, кој е заљубен во Србинката Ана.
Од белите бикини на Калтрина до розовото монокини на Миа Костова... Летна модна инспирација од Македонките кои ја отворија бикини сезоната за 2025-та.
К-15 во 2025-та нè насмеа слатко и до солзи, на ист начин како кога се формираа во далечната 1994-та година... Денес, верувале или не, двајца членови од легендарното трио слават роденден. Тошо Малерот и Миле Паника се родени на ист датум.
Моника Стефановска (33) повеќе од две децении се занимаваше со карате. Таа го носеше прекарот една од најубавите спортистки во Македонија, но сега е во среќен брак со тенискиот тренер Илија Мартиноски, со кого го очекува своето второ дете. Нивниот прв син има година и половина.
„Мајка ми ги правеше највкусните торти, а за мојот роденден секогаш - Павлова. Таа торта не беше само десерт, беше симбол на денот, на детството, на љубовта што мајка ми несебично ја даваше и затоа јас ја продолжив традицијата“, вели новинарката Вики Чадиковска која денес (10.06) го слави својот роденден, повторно со Павлова.
„Се спремив за фотографирање на преубавата тиркизна позадина, морето беше немирно, па едвај чекавме да тргнеме кон Кефалонија. Но додека се сликавме, еден од пријателите во позадина извади транспарент со натпис 'Дали ќе се омажиш за мене?', а Андреј клекна на колено со прстенот,“ - вели Дајана за романтичното запросување на Закинтос.
„Не само убав, туку беше добар како добар ден. Да, прекрасен човек, многу прекрасен, трпелив, сталожен, пристоен и талентиран“ - вели Маја за починатиот фронтмен на Рибља Чорба, откако со децении и таа и тој криеле дека биле во врска.
„Гест што само ја потврдува големината на една вистинска музичка легенда која ни беше гостин“, велат одговорните во еден ресторан во Неготино и споделуваат ситуација со Здравко Чолиќ.
„Откако дојдов во Македонија сакав да одам на македонска свадба и сега конечно ми се појави можност. Не знам дали знаете ама балканските свадби се многу популарни во целиот свет...“, вели Карина Луз Гонзалез Бенитез (22), која со партнерот живее во Неготино.
Eдина Муса е пресреќна во улогата на мајка и себеси се нарекува „мама Дина“, додека ужива со саканите на море. Димитар Атанасовски и Сара Мејс се возат со мотоцикл низ Скопје, а, пак, Аделина Тахири ги покажа извајаните стомачни мускули на плажа.
На синоќешното издание на „Глумците пеат“ публиката беше и повеќе од задоволна – сите внимателно ја следеа секоја секунда, си потпевнуваа, а на крај и сите се раздвижија.
Весна Петрушевска моќно ни отпеа „Strong Enough“, среде нејзините здравствени битки и предизвици и ние навистина веруваме во тоа – таа е доволно силна за да се избори со сè, таа е поим за моќна жена и за актерка од највисок ранг. Во придружба на неколку драг кралици нејзиниот настап беше кулминација на вечерта која го славеше театарот. Македонија има културна публика и е жедна за настаните од овој тип!
„Очекувањата од утрешното финале се големи. Се надевам дека ќе успеам да се претставам во најдобро светло, со самодоверба, шарм и достоинство. Би било прекрасно да ја донесам титулата дома, но најважно ми е што ја носам Македонија со себе каде и да одам“ - вели Матеј Павловски, нашиот претставник на светскиот избор за машки модели Manhunt 2025.
„Дека си јадам цело време“ – открива Милена Антовска, Тамара Тодевска и Барбара Поповиќ признаваат дека грицкаат нокти, а пак Илариа Кирилов вели: „Вистинската дама се однесува исто и дома и на улица“. За CRNOBELO.com, познатите Македонци споделуваат која е навиката што не сакаат другите да ја забележат кај нив.