„Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот со мене и искрено, не слушнав ништо повеќе. Се изненадив кога клекна и го извади најубавиот прстен што сум го видела некогаш. Не можев да кажам ни збор додека гледав во неговите очи полни со исчекување“ - вели Мишела од Битола за запросувањето на 1 јануари на Пелистер.
Се сеќавате ли на девојчето што ни ја отпеа „Ех, тој Тоше“? Денес е прекрасна жена која е во љубовна врска со Перо Антиќ и е мајка на две деца. Тамара и Тијана во Маврово се дружат со Викторија Лоба и Дејан Манасков.
„Баш ова ми требаше. Целосно уживање во најтоплата термална бања во Швајцарија. Мир, тишина и совршен ресет за телото и умот“, напиша Елена, која повторно воодушеви со стилот.
Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Лик без кој Скопје нема повеќе да биде исто, човек кој беше дел од срцето на Скопје.
Верица Китанова од Струмица, го покажа фит телото во бикини од Кјара Ферањи, а потоа испрати уникатна честитка: „Дами, ви посакувам минус 10 килограми, фармерки што стојат како сон, викенди покрај море...“
Даниел Кајмакоски и сопругата Марина објавија празнични фотки од нивниот дом, каде двете дечиња отвораат подароци. Но, Марина, на видео каде го бакнува, му посвети ѝ емотивна објава.
Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На свои 30 години успеав со свој труд, до денар, да си купам имот и го почнувам мојот животен сон и најубав проект - куќата од соништата“.
„Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност се ужас... Мислам дека многу луѓе глумат нешто што не се, само затоа што им носи поени кај другите луѓе. Телевизијата многу ми помогна да го сфатам тоа, затоа што сум имала разни гости во студио“, вели Јелена Спенџарска.
Браво! Илчо и Борис од „Дупер“ му помогнаа на Даниел да ја изненади девојката со прстен пред Нова година. Во моментот кога влегуваат со станот, Милена е со превез преку очите - момците почнуваат да пеат и таа се збунува.
„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 31 декември е секогаш ден за нови надежи, ден за убави мисли и нови почетоци“, напиша Каролина Гочева во својата празнична честитка.
Трикратната светска шампионка во бодибилдинг, Мери Акиевска, ќе стане мајка, а веста дека чека бебе ја откри на Нова година со фотки од тортата покрај која има две кукли бебиња - момче и девојче.
Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануари, ќе го правите во текот на целата година, но и дека од тој што ќе ви влезе прв во домот зависи каква среќа ќе имате . Кои се вашите планови за денешниот ден?
Снежана Маркоски Вуд живее во луксуз во Австралија. Сега, таа покажа како е накитен нејзиниот раскошен дом, каде живее со сопругот и 3-те деца од бракот со него, како и ќерката од претходниот брак.
Ивана Кнез за новата 2026-та вели: „Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“, откако емотивно сподели каква тешка година има зад себе и кои лекции ги научила, од кои најважната е: „Ако не се сакам сама себе вистински, ќе ги уништам оние околу мене кои вистински ги сакам“. Се согласувате, зарем не?
„Особено ми го стопли срцето моментот кога делевме пакетчиња во затворот во Шуто Оризари, за родителите да ги изненадат своите деца и да почувствуваат дека не се заборавени, дека секој може да погреши, но и дека секој заслужува поддршка“, вели кик-бокс-шампионот Бобан Илиоски, кој се приклучи кон хуманата акција.
„Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заедништво. Низ секој подем и пад, љубовта нè носеше напред и заедно издржавме“, вели Емакулате Вандера Блажеска, Кенијката која веќе седум години живее во Скопје и снима хит видеа со својата свекрва Македонка.
„Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 минути...“, ја започна емотивната објава Наташа, сопругата на Горан Папаз и мајка на Лена, Луна и Лазар Папаз. Семејството славеше дома со своите најсакани.
„Летај сестричке“ - стои во пораката која Ана Костадиновска ѝ ја напиша на нејзината најдобра пријателка Сара Пројковска на родендот, и објави заеднички фотографии.