„Нашиот прв Божиќ како комплетно семејство. На сите ви посакуваме љубов и радост во целата година“, напиша Жарко Димовски на празничните семејни фотографии со сопругата и синчето.
„Кокоси“ – напиша кратко Ноне до фотографиите што ги објави од плажата Anse Royale на Сејшели. Нашата пејачка ужива во тропските дестинации во претпразничниот период, па по Индија, посети и други...
„На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме на првиот пациент на кој му направивме трансплантација на црн дроб. Оваа награда е за сите тројца кои досега ги трансплантиравме“, рече Д-р Светозар Антовиќ откако тој и неговиот тим беа прогласени за Мажи на годината 2023.
Слаткар и Тони Зен, кои се дружат и соработуваат повеќе од 20 години, објавија слатки фотографии од синовите, па покажаа дека и нивните наследници се дружат.
Во годината што изминува имаше многу свадби меѓу познатите личности. Водителката Татјана Стојановска и нејзиниот сакан Михаил се венчаа по 10 години заеднички живот, Даниел Кајмакоски се ожени вторпат. Кои познати Македонци се венчаа во 2023?
Свети Никола, џуџиња, снешковци, елки, божиќни колачиња... Гевгеличанката Данче Томашевиќ и за овие празници има полни раце работа. Погледнете ги нејзините ремек дела на чинија.
Скромна елка и неколку поголеми празнични декорации – како изгледа плоштад Македонија во празничната сезона? Кои други скопски општини се украсени и дали имате фаворит?
„Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засекогаш. Посакувам да ве имам секоја следна година. Сите на број. Фала на сите, особено на мојата Тамара, која ќе ми пее додека ја држи глас“, вели Миа Костова...
Планинарката Ирина Дишовска на Инстаграм ги објави фотографиите од синот Јосиф кој за првпат имал можност да го проследи настапот на неговиот татко Пaвле Камилоски. Малиот Јосиф ги освои сите со својата слатка насмевка.
Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Се верува дека овој светец е заштитник на домот и на сиромашните, а именден слават: Никола, Коле, Николај, Ники, Николина...
Најстарата учесничка на шоуто „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ, освен што ја воодушевува јавноста со фактот што на 95 години и понатаму вози и пее, сега повторно го привлече вниманието со изјавата дека дресирала петел.
„Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата светиња. Да сте живи и здрави“, напиша Ламбе на Инстаграм.
Под мотото „Да подариме насмевка“, волонтери од Црвениот крст Скопје шеста година по ред, облечени како Дедо Мраз, принцези и суперхерои, ги ја посетија дечињата во Клиниката за детски болести.
Иако ски-сезоната официјално не е почната насекаде низ земјава, љубителите на снегот најдоа начин да се забавуваат - некои на журки што ги организираа ски-ресортите, други пиеја греено вино или топол чај во некој од планинските хотели, трети, пак, само уживаа во прошетките на снегот.
„Времето ќе биде стабилно, суво и со повеќе сонце, особено на повисоките места и на планините, додека по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла...
Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски во Дубаи се дружеше со Новак Ѓоковиќ, а Каролина откри како се снимал спотот за нејзината нова песна „Дај на сунце“...
Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бетика, ледената Македонка објави видео како се бања во водите на Ротинско Езеро, во пазувите на Пелистер.
Млади генијалци кои освоија награди, хумани луѓе, но и неколку спасени животи со трансплантација на органи – има бројни моменти од 2023-та на кои вреди да се потсетиме.