„Прасица во акција“ – напиша на шега Тијана на објавата од базен, облечена во розово монокини, додека ужива во одморот во Египет со своето семејство, а синот Вук ја фотографира. Таа последниве години е во топ-форма, откако претходно откри дека се борела со килограмите и по бременоста имала 115kg.
Сестрите Тијана и Тамара, меѓу многуте тетоважи, имаат една иста, а Тамара дополнително ја истетовира и строфата од македонската химна што ја згреши. Миа Костова има тетоважи низ целото тело, кои веќе не ги ни брои, а неколку македонски дами се одлучија за текст под градите.
„Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име. Го чекаме нашето малечко“ – напиша Даниел Кајмакоски и откри дека неговата сопруга е бремена.
Од Калиопи и Снеже Велков, до Елена Најдоски и модниот дизајнер Златко Јовановски – познатите на Инстаграм и годинава ги покажаа првите велигденски јајца.
„Каков татко - таков син“ - коментираат фановите на Слаткар, откако музичарот објави фотка на која тој и Моша спијат еден покрај друг со подотворена уста. Ова е една од ретките фотки кои Слаткар ги објавува од синот, кој го чува подалеку од очите на јавноста.
„Ми се појави мала грутка на градата, која што беше третирана како бенигна, но биопсијата покажа дека е малигна. Голема среќа е ако можете да напипате и да видите грутка. За жал, многу често ракот е скриен и ако не правите редовни контроли може да го откриете многу доцна...“, започнува Лила да ја споделува својата приказна за борбата со ракот.
„Со мојата наставничка Зорица Трајаноска почнавме со подготовки неколку месеци пред натпреварот. Темата за есејот беше зададена извесно време. Есејот го напишав сама со многу љубов, надеж и верба во Бога“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Софија Златареска, младата прилепчанка која годинава е прогласена за најдобар есеист на англиски јазик во светот.
„Сопругот ми кажа дека, за жал, оваа година нема да можеме никаде да одиме затоа што има многу неодложни обврски. Но, всушност имал испланирано роденденско патување за мене. Се сеќавам пред неколку месеци ми даде да влечам ливчиња...“, вели Ива Крстевска Бакулев oд Битола за CRNOBELO.com.
„Мислам дека треба малку да ослабеш, штета таа убавина со вишок кила. Ако си заинтересирана за кратење желудник, обрати ми се. Стварно нема никакви последици. Со диети е споро и тешко, башка сега си мајка“ – гласи бизарната порака која нашата шминкерка Фросина ја добила во порака. Како таа одговори на овој коментар?
Кристина Димитри позираше гола зад завеса, Јелена Спенџарска го одведе својот сакан, од Грција, на Козјак и иако им се погоди облачен ден велат дека навистина уживале, Драган Спасов Дац уживаше со внуката Гаиа, која ја доби од синот Јаков, а Лила Филиповска го посети Солун.
Насмеана, ведра, расположена и подготвена да го живее животот со полни гради – вака изгледа Лила Филиповска на фотографијата што ја сподели на Инстаграм, а која е направена во болничката соба во Турција половина час пред да почне операцијата на рак на дојката.
Со помош на лакови за нокти, сад со вода и чепкалка за заби ќе направите прекрасно декорирани велигденски јајца. Софија Јанева сними видео упатство чекор по чекор и нагласува дека овие јајца не се за јадење.
Според црковните објаснувања, Благовештение е почеток на сите Господови празници и означува „добра вест“ или „блага вест“. Кои верувања и традиции се поврзани со овој христијански празник?
Кавадарчанката Милица Ризо Трајков која во моментов настапува на „Ѕвездите на Гранд“, на Инстаграм објави нови фотографии со кои го покажа смелиот аутфит во кој ќе се појави на 29-ти април годинава. За нејзиниот моден избор сигурно долго ќе се зборува.
Двајцата пријатели со своите наследници уживаа на кошаркарски натпревар, а најсимпатична сцена е кога малиот Дарен, синот на Мачка и Тамара Тодевска, спие во скутот на татко си.
По смелата маска за 1-ви Април во разголено издание, Антониа сега ужива во домашна атмосфера покажувајќи го својот труднички стомак.
„Во договор на Даре со капетанот, капетанот застана на претходно договорената дестинација, место со совршен поглед кон најголемото панорамско тркало на светот „Ain Dubai“ за да се сликаме. Тоа всушност било и замисленото место на Даре каде што сакал да ме запроси...“, споделува Елена Деспотоска (25) од Тетово за CRNOBELO.com.
„Непредвидливата баба Марта овојпат се премести во април, па на враќање за Скопје и по ноќевањето во Белград, Белград утрово ме поздрави со снег, снег на 4-ти април...“, открива Наце Попов од Скопје за CRNOBELO.com.