Зоран од Охрид за CRNOBELO.com вели дека не можел да ѝ одолее на убавината на полињата сончогледи на патот од прилепско за Македонски Брод, па морал да ја овековечи со фотографии. Надреална убавина, зарем не?
„Се чувствувам среќно и гордо“ – напиша Симон Трпчески на социјалните мрежи откако беше најавено дека неговата ќерка Лара заедно со Ирина Давидовска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија, што годинава во декември ќе се одржи во Ерменија.
„Веќе подолго време размислувам да го променам своето име, па што мислите моето ново уметничко име да биде „Тоња“ (Tonya)? Ве сака Антониа или Тоња? Ве чекам во коментари!“
Со извајани стомачни мускули и црн модел на бикини, водителката Ирена Спировска ужива во кајакарење на Охридското Езеро. Изгледа неколку децении помладо и дефинитивно е една од најфит и најнегуваните жени од нашите ТВ екрани.
„Татковците се супер-херои, водичи во животот... Мојот татко беше сето тоа и многу повеќе, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен. Не сфаќав дека старее, дека еден ден може да не биде со нас, затоа што никогаш не се жалеше и сè можеше сам...“, гласи дел од емотивната објава на Снежна Лупевска, која ќе направи да го прегрнете цврсто својот татко, доколку ја имате среќата да е до вас.
„Сега сме 3, наскоро 4...“, напиша ракометарот Борко Ристовски, а неговата сопруга објави фотографија со трудничко стомаче и синот Душан како ја гушка додека уживаат на одмор.
„Со оваа идеја се здобив пред некој ден кога сакав да седнам на таа клупа и веднаш рипнав како попарен, добро би служела летно време за јајце на око“ – вели скопјанецот кој самоиницијативно одлучил да направи клупите да бидат функционални на неколку градски постојки.
„По 3 години од веридбата чекајќи да помине короната, па да дојдат фамилија и пријатели од странство, па дали да биде голема или мала свадба, еден кажал вака, еден така, на крај мојот партнер рече ‘Знаеш што? Закажувам регистрација на прв слободен термин, одиме со кумот и старосватицата и да завршиме со чекањето’...“, открива македонската лајфстајл инфлуенсерка и некогашна стјуардеса Сандра Кирков.
Колку чини нескафе на плажа во Охрид, пиво или пица? Неодамна го посетив македонскиот бисер и ви пренесувам дел од цените оттаму...
„Тешко ми беше да прифатам, но го сакам своето тело“ – со овие зборови убавата македонска каратистка Пуликсенија Јовановска објави дека има витилиго, а по повод роденденот објави нова фотографија со која руши предрасуди и добива честитки и позитивни коментари за изгледот.
„Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата... Со намера да се подигне (имунитетот) се купуваат разноразни работи, се рендаат ѓумбири, се цедат портокали, се пие Омега 3, магнезиум хлорид, цедени масла, мелеми, чаеви од билки за кои некој чул дека ќе ни биде подобро. Но, единствениот поттикнувач на имунитетот се капките среќа. Оние кои никаде не се купуваат...“, гласи дел од објавата на Сузана Турунџиева.
Горан Папаз се ожени, Кристина Димитри во долна облека најавува настапи, Милена Антовска прослави 40 години брак на родителите, Павле Камилоски и Ирина Дишовска во елегантно издание, а Елена Ристеска ја отпеа македонската химна и се дружеше со амбасодорката на САД Кејт Мари Брнз на прославата на Денот на независноста на САД во Скопје...
Зои Блаж изгледаше прекрасно на нејзината свадба – најпрво мејк-ап артистката носеше уникатна венчаница, а потоа ја замени со бел фустан, во комбинација со патики.
По романтичното запросување на новогодишната ноќ, Елена Стефановска се омажи со својот избраник Бојан Најдоски, а свадбата која се одржа вчера беше ништо помалку од спектакуларна.
Во розови бикини покрај базен со другарките, со розови балони и други реквизити инспирирани од Barbie куклата, атрактивната Ангела Василевска го прослави својот 25-ти роденден.
Чанта за плажа од 3.500 долари, шампањ и бикини изработени од кристали... По посетата на Монте Карло, Аделина Тахири Марков летово ужива во луксузен одмор на грчкиот остров Миконос.
Во краток фустан во тиркизна боја и длабоко деколте со синџирче меѓу градите Антониа Гиговска блесна во емисијата „Амиџи Шоу“, и уште еднаш ја воодушеви публиката со своите гласовни способности, а со еден мал лапсус добро ги насмеа приутните и гледачите.
Во деветтиот месец од бременоста додека го очекува најновиот член на семејството пејачката и харфистка Сара Мејс направи совршена семејна фотосесија во која го покажа трудничкиот стомак. Очигледно семејството со нетрпение го очекува братчето на Илина.