Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, компанијата Виталиа оствари раст на извозот од 15% во првите 8 месеци од 2018 година во споредба со истиот период лани. Компанијата го зголеми и бројот на вработени за 25%, континуирано инвестирајќи и во самиот процес на производство. Растот се бележи на извоз на поширок асортиман на производи, пред се во категоријата на производи без шеќер, протеински производи и безглутенски производи...