Креативни дрвени изработки со човечиња и гравирана порака, персонализирана книга со вашата љубовна приказна или забавни чашки за ракија - со што да ја изненадите саканата личност за Валентајн?
Ресторан Шапе – постои од ’82 година, има уникатен ентериер со ѕид на спомени со Тоше Проески и вкусна храна. Пицерија Скар – во срцето на Крушево, каде ќе пробате разни крушевски специјалитети.
„Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето, само вака, еден дим земав и следно се разбудив во болница во Дубаи. Како што ми трепери срцево, така ми вибрира и телово. И си викам, чекај, дали имам инфаркт?“, раскажа Коста Петров за еден од најсилните панични напади, а со кои се бори со години.
„Денес е навистина посебен ден во нашата болница! Дедо Никола е вистинска легенда на македонската медицина. Целиот работен век го посветил на децата како педијатар и хематолог во велешката болница, секогаш со огромна посветеност - за него секое дете било исто важно“, пишуваат од скопската клиника за геријатрија.
„Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поминала низ таа болка само за да го добијам Матео“, вели Софија Јанева која на роденденот на синот објави кадри од болница од денот на породување.
По киднапирањето на Даниел, неговата втора сопруга Марина Кајмакоска даде прва изјава: „Што да ви кажам, сите сме под стрес. Даниел сега е добро, закрепнува и е тука со нас, поради истрагата не смееме ништо да зборуваме. Сè е пренасочено кон адвокатот“. Но, кратко пред немилиот настан неговата прва сопруга Кристина Димитри проговори за односот со него...
„Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави“ – напиша Тамара Тодевска во описот на фотката со Лука, по гласините дека веќе не се заедно.
Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамара Волческа покри стара тетоважа и направи нова, Лила Филиповска ужива во Солун, Јана Серафимова во Дубаи, а Мими Јовановска во Будва.
Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фустан во сино-зелена боја, а објави и фотка со татко ѝ Мики Црнокрак, кој ѝ беше голема поддршка на изборот во Либан.
Каролина ужива со кајакарење во препознатливите проѕирни кајаци, во ручек на плажа на зајдисонце и во неверојатно романтична атмосфера под палми со сопругот Михаил Корубин (39).
Да беше жив, Андреја Ѓорѓиески, или само Андреј од ДНК, како што го викаа сите пријатели и фанови, денес ќе наполнеше 44 години.
Миланка Рашиќ, која е долгогодишна блиска пријателка на Даниел Кајмакоски, но и негов ПР, објави информација со која ги потврди сите пишувања на српските медиуми.
Вчеравечер во Белград се одвивала вистинска драма, во која е вклучен нашиот пејач Даниел Кајмакоски - тој бил киднапира, држен врзан во автомобил, а српските медиуми објавија и снимки од возилото со кое киднаперите бегале.
„Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам со земјата и сопствената душа. Е тука ми е дома в природа, a jaрињата и овците ми се единствени соседи“, вели Бети Котовчевска од Ресен, која се исклучи од сè и мина една седмица во својата дрвена куќарка.
„Минатата година, заслепена од идејата дека не јадам бел шеќер и брашно бело (и нема да ги јадам), а доволно стрвна и зависна од благо, направив лоши потези. Наместо мед бидејќи демек многу калории има, јас се 'спржив' со вештачки додатоци“, вели модната дизајнерка Ивана Кнез.
Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жичница на Водно на чист воздух, игра на отворено и топол чај, резервирајте термин на лизгалиште и забавувајте се цело семејство - идеи што да правите зимава со децата, наместо да седите затворени дома или во кафулиња и игротеки.
„Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено додека авионот слетува на Сејшели.
Каде се запознале, стилистката Јована Зука им е старосватица, но кој ракометар им е кум.... Детали за свадбата на Дејан Манасков (33) и Билјана Стојановска од Канал 5 телевизија.