„Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за да „не се мешаат во приватни животи“, не било тоа „нивна работа“ или од страв да не дознае говедото кој го пријавил. Ќе ти викаат: Дај му шанса, атер за децата, најлесно е да се разведеш...“, гласи дел од виралната објава на Калина Коси.
„Самата жртва веројатно не гледа друг излез, се доведува до длабок очај и доаѓа до тоа да едноставно не сака да страда веќе. Излез има, но таа не го гледа...“, вели д-р Васка Митова, психијатар.
„Браво за видеото! Никој досега не го претставил Прилеп вака убаво! Ти благодариме! Ова е од една горда прилепчанка...“, ѝ напиша една девојка на Спенџарска која ја претстави и саат кулата и ширденот.
„Тој шеташе со објективот низ Охрид и ме фотографираше - ми покажуваше како ме гледа низ него“, вели Ивона Јо за сопругот и посочува на тоа дека ја натерал низ неговите очи да се вљуби одново во себеси.
„Ментално здрава жена ќе препознае дека нешто не е во ред кога ќе запознае лик со криминогена структура. Нешто ќе ѝ биде чудно. Но, тој е слабак во себе, па и тој не ја трпи здравата, па ќе избега од неа. Ќе кажам, за жал, жртвата и агресорот се ОГЛЕДАЛО еден на друг“, вели психологот Дора Попова Узуновски.
„Сериски убиец и силувач на жени, бремена жена малтретирана со месеци, сега мајка и ќерка си го одземаат животот како последица на семејно насилство....Од ЖЕНА РОДЕНИ, ЖЕНИ УБИВААТ! Македонијо, време е за аларм против овие злосторници и за нови закони“, порачува Бетика, а се огласија и Снеже Велков, Павле Камилоски и Сара Мејс.
Од посета на луксузниот локал, Bagatelle Courchevel, каде минималната цена што се наплаќа по човек е над 100 евра, преку забави на отворено со поглед на Алпите, до шопинг во продавниците на познати брендови, Елена вистински ужива на семејното зимување.
„Цела ноќ плачам... Ниту еден срам не вреди повеќе од вашиот живот. Ниту една закана не вреди повеќе од детските очи што ве гледаат и ве молат да ги спасите“, емотивно вели Ана од Скопје и порачува да ставиме крај на насилството во оваа наша напатена Македонија.
„Семејното насилство не започнува со модринка. Започнува со навреда, со понижување, со тишина што боли. Со „извини“ што премногу често се повторува. Љубовта не е страв. Љубовта не остава лузни ни на телото, ни на душата“, испраќа моќна порака Драган Спасов Дац по смртта на мајката со 6-годишно дете во Тафталиџе.
„Ивана, ми беше колешка и ја познавав лично...“, се огласи Наталија, сопругата на Андреј од ДНК, а вирално се споделува видео каде ќерката на Ивана пее на сцена со ДНК. Македонија повторно потфрли и повторно изгуби многу!
„Во неделата требаше да се вратиме назад во Македонија, но летот ни беше откажан. Точно е дека имаше паднат дрон и остатоци од ракети, но далеку од тоа дека Дубаи „гори" или дека е небезбедно. Градот функционира нормално“, споделува Tеодора Ѓикова Ќосева, која моментално со семејството е во хотел во Дубаи.
„Пред да заминам, неговата мајка тајно го ставила во мојот куфер. Несвесно го носев симболот на сопствената свршувачка преку граници. Пред да отпатуваме за Германија, неговата мајка тајно го ставила прстенот во мојот куфер“, вели Аружан Баители (24), архитект и инженер од Алмати, Казахстан, за CRNOBELO.com.
Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не беше само музика, туку љубов, грижа и искрено поврзување на луѓето, без разлика каде и да живеат. Особена благодарност до Македонците во Германија што го препознаа тоа“. Андреј доби благодарница постхумно.
„Патувам со бизнис клас и се облекувам брендирано, посетувам салони за секакви процедури и тоа цела година, јас не чекам лето да дојде за да отидам педикир на нозете да направам или за да отидам на депилација, како што некои жени прават, само летно време...“, вели Драгана Спасовска, која живее на релација Бугарија - Македонија - Дубаи.
„Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас прашаа каде исчезнав… Па… Бев зафатен грижејќи се за моето бебе, моето момче Идрис!“, напиша Мустафа Ахмед од Сомалија, кој иако живееше само неколку години во Македонија - не може да ја преболи нашата татковина.
„Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми вика, значи јас се гушам. Јас гледам дека женава е во сериозен паничен напад... На крај таа ми рече: 'Господ здравје да ти даде - ми го спаси бракот'“, вели Миа Костова и споделува детали за една случка.
„Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Кога слетав во Дубаи, сè си беше најнормално, но потоа настана хаос. Блиску до мојот дом има и залив каде што се паркирани 5 или 6 американски бродови, па гледав сè одблиску...“, вели Ана Колевска од Скопје за CRNOBELO.com.
Веста за раѓањето на бебето ја сподели Тамара Тодевска, на која Дејан ѝ е кум. Таа беше и меѓу првите кои во јануари открија дека ракометарот прави свадба со саканата Билјана.