„Со Елена се запознавме пред 17 години. Никогаш не се разочарав во она што ме привлече кај неа, како нејзиното патријархално воспитување. Но, предизвик беше првата година како сопруг и татко...“, искрено вели на својот роденден Бранко Десовски и откри како се шегува мајка му со него: „Толку таленти, а заврши како билдер“.
„Додека градот уште спие јас веќе сум во движење“ – Татјана објави видео на кое се гледа како сама вози кон работа, пристигнува без грам шминка и таму се подготвува за да изгледа совршено за малите екрани, но покажа и како се подготвува за читање на вестите.
Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска откри колку тешко се справува со грижата на совест додека прекинува со доење со второто дете, за разлика од искуството со првото, а Ева Нединковска е повљубена од кога било. Маја Кикириткова со фотки директ од аеродромот во Истанбул ја пренесува хаотичната атмосфера...
Некои конечно си го пронајдоа стилот, други вистинскиот стилист, некои го променија целосно изгледот – колку се промени модниот стил и имиџот на нашите пејачки во изминатите 10 години?
„А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На татко му е во висина, газ, грб и општо – презгоден. Јас сум скроз нормално висока, ама не личи така кога шетам со татко му“, се огласи револтирано Миа Костова.
Oд Охрид до Прилеп и Струмица, Македонија е дом на прекрасни жени... Ајде да направиме една тура на убавина низ нашата татковина!
„Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар“, велат организаторите на манифестацијата.
Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот се поместува еден час напред, а трае до последниот викенд од октомври.
„Бебето мое“, напиша пејачката Барбара Поповиќ, една од најдобрите другарки на Иван, а која беше на роденденската забава на малата Ниа.
„Во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот и навистина постигнав многу. Левото рамо секојдневно ме боли, имам жуљ на десната нога, имам астма, социјално сум анксиозен, не сакам да патувам, 2- 3 дена во неделата сум депресивен, пред да врне не знам кај сум - нит кој сум“, вели режисерот и сценарист Илија Каров.
„Официјално си уште една година постара… ама не се секирај - за мене си секогаш најубавата“, напиша шеф Никола во интересната роденденска честитка до сопругата Стефанија.
Сопругата на Атанас Атанасовски, Александра, позира во своите кул скијачки стајлинзи со плетенки и пунџи, а скришно го фотка сопругот додека јаде или одмара во бачило – парот ужива во последните снежни спуштања сезонава, откако претходно беа на скијање и со децата.
„Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот суперхерој ЈОВАН храбро ја помина и ја освои тешката битка“ - напишаа од Детска клиника во Скопје и објавија видео од младиот суперхерој Јован. Ни требаат повеќе вакви радосни вести.
„Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден после 11, не готвиш на тераса, не стенкаш како да те колат... И најважно, тоа што си дома - не значи дека кај тебе дома можеш да правиш што сакаш“, вели Ина МногуФина во нејзината вирална објава.
„Се собираат 40 каменчиња, едно по едно, 39 се фрлаат во реката Брегалница, се фрлаат од Исарот, а едно се зема со себе и се става под перница. Се верува дека ќе го сонуваш својот животен сопатник. Мајка ми и снаа ми се жив пример дека ги сонувале татко ми и брат ми“, вели Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.
„Сите сеќавања со Маринко ми се поврзани и со тебе Огњен. Ќе ме соберевте од аеродром и ќе отидевме некаде до наутро, такви беа проводите со вас. Секогаш се глупиравме, јас бев сериозна, ама вие од мене го вадевте најлошото, многу се дружевме“ – вели Каролина во емисијата на Амиџиќ, во која повторно модно издоминира.
„Беше прекрасно да се видат и млади девојки облечени во народни носии, кои со своите мајки и баби презентираа зелници од својот крај“, вели Викторија Спенџарска од Берово, која со двете ќерки се пресели во Пробиштип во име на љубовта.
„Ред солзи, ред мрсули, ама и ред насмевки! Знаев од старт дека силно ќе се држите, а тек во Тара не се посомневав ни една милисекунда. Сила сте, голема и јака до вселената! Многу научивме од вас...“, вели Сандра Кирков, најдобрата другарка на Христина Пан, по нејзината јавна исповед.