„Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видиме. Таа знаеше дека сè уште сум во некаква заедница, па не сакав да ја форсирам зашто видов дека е многу тврда во тој поглед. Но бев упорен и по некое време се сложи да се видиме“, вели Дарко Панчев, кој телефонски гостуваше во подкастот „Урок“, додека сопругата Маја зборуваше за нивната љубов.
„Од мај лани интензивно се посветив на верата и почнав да гледам со други очи на смртта, воскресението и сè она што нè очекува после смртта и дури го живееме животот. Ме спремал Бог за ова, но не директно, нормално. Јас тоа не го знаев, го освестив откако татко ми си замина“, вели Ивона Јо.
„Прекул за да бројам свеќи“ – напиша Аделина за роденденот на кој декорацијата е елегантно бела со многу кали, на менито имаше повеќе морски специјалитети, доби подарок Hermes ташна, дуваше свеќи на тирамису во чаши наместо торта, а таа блеска облечена во мини бел фустан со цветови и се забавува качена на стол.
„Направете ме старомодна, но традицијата за три црвени јајца бојадисани на Велики четврток пред изгрејсонце ја негувам со почит и не ја менувам. Со првото бојадисано јајце ги поминувам сите додека спијат... Црвено, бело, здраво, живо и весело. За многу години нека ни е“, напиша планинарката Ирина Камилоска.
„Фарбањето и цртањето велигденски јајца е обостран мерак, мој и на децата. Омилени ми се оние од пред некоја година - тематски со морковчиња и зајчиња. Децата многу се радуваа, а јас уживав во рачно цртање на секое посебно“, вели Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.
„Со тоа што правите сè наместо вашите деца, не им помагате - ги хендикепирате. Најголемиот чин на љубов е да го подготвите детето да може без вас“, е дел од моќната вирална објава на наставникот Драганчо Таневски.
„Пред да тргнеш на викенд во Солун или каде било во Грција, прочитај го ова... На граница моментално има нов систем на проверки и тоа МНОГУ го успорува процесот. Секој патник се фотографира и се земаат отпечатоци, и на влез и на излез“, вели Софија Јанева и открива каква е состојбата на Евзони.
„Дефинитивно Словенија е преубава! Со чистиот воздух и преубавата енергија низ Љубљана“, напиша диџеј Мац и сподели семејни фотки оттаму. Тој во 2022-ра ја запроси саканата Татјана на уникатен начин, а во февруари годинава го прославија 1-иот роденден на Петар.
„Ве сакам сите и ми недостигате неизмерно. Секојдневно се будам со мислата на мојата Македонија и сите драги луѓе“, носталгично напиша Маја Вукичевиќ на својот 52-ри роденден, кој го слави во прегратка со синот Гораст.
„Ослабев 16 килограми за речиси 5 месеци и изградив природна, мускулеста фигура. Сега знаете зошто тренирам толку напорно. Франц ти благодарам што веруваше во мене“, напиша Ема, која е во брак со Франц од 2014 година, а со ќерките Мелоди и Мона живеат во САД.
Дедо Киро од кривопаланечко служел воен рок во ЈНА, каде што бил дел од Титовата гарда, се истакнал со дисциплина и посветеност, а бил одликуван со медал за одличен стрелец. Денес, тој е горд татко на 4 синови, кои ги добил со саканата Добрила која починала на 57-годишна возраст во 1994 година.
На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно" кој го организирам воден од лична идеа и инспирација со...
Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читателка Ане Апостолоска, која низ „своите розови очила“ на совршен начин ни ја доловува атмосферата од Градскиот парк во Скопје.
Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите, откако со месеци по раѓањето го држеше во тајност лицето на својот син Марко (1), кој го доби со Сава Грачанин од Валандово.
Крива Паланка е дефинитивно градот кој е најубаво украсен – освен новогодишни, сега имаат и велигденски и пролетни декорации низ градот. Светлечки украси, зајчиња, јајца... вистинска магија.
Дац за саканата Весна вели дека чувствува љубов од која буквално ти се превртува во стомакот. За неа вели: „Таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè“, а сега со уште поромантични зборови ѝ се обрати за роденденот.
Замислете сончев ден и вие на „lazy bag“ пиете кафе или аперол покрај Охридското Езеро... Звучи совршено, зарем не? Глетката е исто толку магична и во Градскиот парк во Скопје.
„Етеее и мекиците за внукот Михаил биднаа! Станав дедо... На секого му посакувам да си дочека ваква радост!“, сподели актерот Владо Јовановски, кој се весели со синот Григор, а снаата ја нарекува принцеза.