„Каква божествена жена! Единствена Маја, не само поради гласот кој се препознава меѓу светски изведувачи, туку поради искрената, длабока душа што ја носи во себе“, напиша младата пејачка Ана Петановска, која ја делеше сцената со Маја во Белград.
„Имаме млади генерации кои не читаат, пушат и пијат од 10-годишна возраст, преку апликациите си разменуваат голи слики од сопствените полови органи, а родителите дремат некаде по дневна, работат можеби и две работи за да пружат сè - но има грандиозно отсуство на воспитување“, вели Весна Бејби, потсетувајќи дека е мајка на дете жртва на предатор.
„Па, искрена да бидам, да имаш 12 години и да ти текне да раниш некој со го*на и да го гориш со цигари значи дека никој не го заболе за тебе дома...“, вели Миа Костова и го осудува модерното „нежно родителство“.
„На каса во еден од големите маркети, стои жена со пет основи артикли во рацете и ѝ вели на касиерката: ’Ве молам кога ќе завршите, кажете ми цена за прашоков, не знам дали ќе ми стигнат пари‘“…
„Горд сум што сум дел од твојата приказна сите овие години - не само како твој шминкер, туку како некој што те знае вистински. Нашите моменти, слики и спомени се доказ за едно убаво патување што сѐ уште трае“, напиша Дадар на Инстаграм и објави неколку фотографии со Каролина, направени низ годините.
„Колкупати викав дека воспитувањето почнува и завршува дома? Ќерка ми денес одбива јавна изложеност зашто во основно училиште беше претепана и исмевана за нејзината нога. Молчела за да ме заштити мене“, вели психологот Амела Мемиш Апостоловска, по врсничкото насилство во Скопје што ја потресе јавноста.
„Кој го преспа воспитувањето? Неодамнешните слики на насилство меѓу девојчиња не се само инцидент. Тие се аларм кој вреска: „Каде бевте вие, возрасните?“ Каков родител треба да си за да „не забележиш“? Насилното дете не се раѓа преку ноќ. Како наставник со децениско искуство, знам: во училницата се гледа СÈ!“, вели Наде Молеровиќ, која со децении има работено како наставник.
„Мобилен телефон на секој основец? Па и социјални мрежи за споделување на гадостите што ги прават врз соученичка? Никакво воспитување и замарање околу нив“, гласи
„Каде виделе гасење цигари од кожа? Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!? Ни треба под итно флота од: стручни лица во училиштата, образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, психотерапевти, дефектолози, логопеди, служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште и цивилизирани казнено-поправно домови“, испраќа моќен апел професорката Татјана Алексиќ, која од прва рака знае каква е ситуацијата со нашата младина во училиштата.
„Знаете што е најстрашно? Што овие приказни не се нови и не се ретки. Само ретко стигнуваат до глас. Замислете како му било на детето… понижувано, јавно деградирано, трауматизирано и исмевано. Замислете како треперела и стравувала таа мала душичка“, гласи дел од објавата на Вики Чадиковска, која е згрозена од настанот со врсничко насилство, кој ја потресе цела Македонија.
Ламбе, како горд татко, сподели фотки од настапот на постариот син Михаил на концерт во Виена, но и една на која целото семејство Алабаковски е во градините на палатата Schönbrunn.
„Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, бидејќи нели тогаш не знаете колку помагам и каде, па пишувате зошто не помагам. Кога помагам и снимам, зошто снимам“, искрено се пожали Стефан Лазаров.
Стефанија Кржеска (26), која важи за една од најубавите модни инфлуенсерки кај нас, викендов направи голема свадба со саканиот Панче Патоски (27).
„40ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност. Благодарна за сите луѓе кои се до мене овие 40 и за сите кои ќе бидат до мене наредните 40 години“ напиша Елена Ристеска и објави неколку роденденски фотографии на Инстаграм.
„Скинав предни вкрстени лигаменти и менискус и што уште не (ха, ха). Сигурно ќе трае со месеци рехабилитацијата, ако не и година дена“, откри Лозано за CRNOBELO.com.
Фитнес тренерот Ана Стојанова руши граници - таа снима видеа среде фавела во Рио со локални жители. Објави и фотка како се сонча во танга бикини на плажа во Бразил. „Ох Рио, веќе ја чувствувам таа кариока енергија...“
Ирина Камилоска се фотографираше со синот на пат накај Галичник сега, како кога бил бебе и напиша: „Каде брзаш бе малечко мое?“, актерката Маја Андоновска прослави роденден во Виена, а Слаткар настапи во Шпанија на забава за студентите апсолвенти од Македонија, Бугарија и Србија.
„11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување, радост и благодарност“, напиша Ева Нединковска и сподели семејни фотографии од забавата за свршувачката што ја направила пред две недели.