„Мамо, го ценам секое твое: ,Како си', Гладна ли си', ,Како помина на работа', ,Нека не допира до тебе тоа'...“, ѝ посвети емотивна објава на мајка си Александра и ги потсети сите кои ги имаат своите мајки до себе да бидат благодарни за тоа.
Позира на Амалфи, се вози со раскошни автомобили и секаде е во одела... Моно Алекс сака да ги „покаже“ парите на Инстаграм и да води хедонистички стил на живот.
Бока Конга чука на конгите, а Србинките го гледаат со подотворени усти... Низа вакви видеа вирално се шират, а тој по интензивните настапи во Белград, покажа во каков луксуз се релаксира со миленикот, па со косење трева и вежбање на отворено. Марјана Станојковска покажа дека може да го носи епитетот „најтесен струк на нашата сцена“, а сестрите актерки Ана и Јана Стојановски позираа заедно во прегратка.
„По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови), денес, за првпат во Македонија, детето е успешно одвоено од машината, напиша детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски.
„Жените се срамат да зборуваат за некои од тие работи, не знам зошто. Ние со колешките на работа постојано ‘го вртиме’ тој еден ист муабет и си кажуваме работи кои ни се случуваат. И друго е кога жената е спремна на сето тоа, на сите промени, ќе си го врзе во главчето и ќе знае што ја очекува“, вели Маја Гроздановска Панчева.
Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелеска, електро инженер, по 4 години врска, на патување во Италија. „Беше во магичната атмосфера на Villa del Balbianello“, велат тие за CRNOBELO.com.
„Обожавам парфеми и често ги менувам, ама во последно време апсолутен фаворит ми е Dior J’adore. Го користам по препорака на мајка ми која го користела кога била помлада“, вели Ева Јовановска за CRNOBELO.com. Кои се омилените парфеми на дел од македонските инфлуенсери?
„Не се гледаме често, но секојпат кога ќе се видиме како да вчера завршил разговорот и сега си го продолжуваме кафето. Секогаш сме биле двајцата еден за друг тука“, изјави во една пригода Тања за Игор, а сега тој открива дека таа е неговото пролетно ветренце.
„Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив, само го прашав...што значи „нормално“, му дадов неколку примери за однесувања…“, ја започнува својата емотивна објава една инспиративна мајка која живее во Скопје.
„Помина низ тешки операции, ја издржа болката на телото, но ја издржа и најголемата болка на душата - смртта на дедо ти. Твојот столб, твојот најдобар другар. Никој не ги виде твоите солзи во неговата празна соба, но јас ги видов. Видов како храбро чекориш и тогаш кога светот ти беше туѓ“, гласи дел од емотивната објава на Амела Мемиш Апостоловска за нејзиниот син Леон.
„На денешен ден се случи да добијам кладба во маало дека и штикла ќе облечам и станав Мис на Македонија“, напиша лани Сања Николиќ, а сега на Инстаграм објави како младешки изгледа и по речиси 26 години од титулата.
„Има многу коментари дека сум бил исфеминизиран. Сметам дека сум воспитан и дека почитувам вредности, нормално, ние сме од мала држава кај што се почитуваат тие традиционални вредности. Но, јас сум живеел и во Европа и стварно сакам да ја размрдам сценава и да покажам нешто различно“ - вели Јанг Дади по хит песната „Лидија“ која не излегува од глава.
„1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителската куќа ни кажа најубава вест... Утре ја има последната зрачна терапија и си оди дома. Со мама, тато и бато… таму каде што припаѓа“, велат од САНО.
Некогашната пејачка, а денес бизнис жена Ева Нединковска одлучи по вторпат да ѝ даде шанса на љубовта. Таа му кажа „да“ на саканиот Филип. Од првиот брак ја има ќерката Ена.
Во новиот број на престижниот моден магазин Numero Switzerland е ангажирана една од нашите најпознати модели Сара Стои.
Тату артистката Ина Нејмлес со децата се преправија во руски бабушки, децата на Зорана Голомеиќ се британската кралица и кралските гардисти, синот на инфлуенсерката МаријаМаријаМарија е преправен во марула - децата на Македонците имаат кул првоаприлски маски за 2026.
„Во 1997 јас бев во тој фустан, а денес е ќерка ми Хана (4). Додека бевме на ручек кај баба и дедо, случајно го отворивме стариот плакар и таму, како да нè чекал, го најдовме фустанот од моето детство“, вели Ивана (36) од Скопје.
„Дури и пролетта во Виена има став. Нѐ гали...“, вели Дани Димитровска и откри каков впечаток ѝ оставил концертот каде фронтменот ги замолил да бидат присутни во моментот, без телефони.