10 одлични документарци за нерешени мистерии
Убиства, исчезнувања, киднапирања – неколку документарци што ќе ви го задржат вниманието до самиот крај ако сакате мистерии.

Документарците се многу поморничави отколку играните филмови и серии бидејќи додека ги гледаме, знаеме дека она што се случило е реалност.
Стануваат уште поморничави кога мистеријата никогаш не е разрешена.
Десет вакви документарци што ќе ви го задржат вниманието до самиот крај:
Making a Murderer
Нетфликс серијалот се фокусира на маж кој поминал 18 години во затвор за злодело што не го извршил.
Откако ја докажал својата невиност, бил повторно уапсен, овој пат за убиството на фотографка.
An Unknown Compelling Force
Режисерот на документарецот патува до Русија за да го истражи познатиот инцидентна Дјатловиот превој.
Во 1959 година, девет планинари се пронајдени мртви, далеку од нивните шатори, и тоа без чевли или зимска облека.
Поради чудните околности во кои се најдени нивните тела, постои верување дека за нивната смрт е одговорна некоја натприродна сила.
The Keepers
Во мрачниот документарец се истражува убиството на калуѓерка од 1969 година.
Истрагата води до средно католичко училиште во кое предавала калуѓерката и разоткрива систематско малтретирање на тамошните ученици.
The Staircase
Документарецот го следи судењето на Мајкл Питерсон, професор чија сопруга умира во чудни околности.
Обвинителите сметале дека тој е убиецот поради количеството крв на местото каде што починала, но тој тврди дека е невин.
Capturing the Friedmans
Во 1980-тите, Арнолд и Џеси Фридман биле обвинети за експлоатација на малолетници во нивниот подрум.
Но, немало никакви докази и некои веруваат дека децата биле присилени да сведочат.
Во документарецот се прикажани снимки од парот, заедно со испрашувања од полицијата, со цел да се разоткрие мистеријата.