Роналдо ѝ го честита 1-иот роденден на ќеркичката која го загуби близнакот при раѓањето: „Тато те сака многу“

Најмалата ќерка на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез денес го слави својот прв роденден, а ова воедно е годишнина од денот кога семејството истовремено ја доживеја и најголемата тага по загубата на синот за време на породувањето. Роналдо објави фотка со ќеркичката со емотивен опис. 

1-godina-otkako-ronaldo-istovremeno-gi-dozhivea-najgolemata-srekja-i-taga-poznatiot-fudbaler-go-slavi-prviot-rodenden-na-najmalata-kjerka-01.jpg

Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија со која ѝ го честита роденденот на ќеркичката Бела Есмералда, до која напиша:

„Честитки за првата година од животот љубов моја. Тато те сака многу“.

Бела Есмералда се роди на 18-ти април минатата година, а за жал нејзиниот брат близнак почина на породувањето.

Кристијано Роналдо во неколку наврати говореше за болката што во тој миг ја почувствувал како татко, па рече:

„Тоа е лудост. Се обидов да им го објаснам чувството на некои од моите пријатели и роднини. Никогаш не сум чувствувал истовремено среќа и тага.

Многу е тешко, не знаеш дали ќе почнеш да плачеш или ќе се смееш во следниот момент. Тоа е нешто на што не знаеш како да реагираш“ – рече Роналдо.

1-godina-otkako-ronaldo-istovremeno-gi-dozhivea-najgolemata-srekja-i-taga-poznatiot-fudbaler-go-slavi-prviot-rodenden-na-najmalata-kjerka-02.jpg

Во својот документарен филм I am Georgina, Џорџина исто така зборуваше за загубата на синот:

„Годинава ги почувствував најубавиот и најлошиот миг одеднаш. Животот е тежок. Животот оди понатаму. Имам причина зошто да продолжам понатаму и да бидам силна. Во моментов мој приоритет ми се семејството и децата. Многу сум среќна и благодарна.“

1-godina-otkako-ronaldo-istovremeno-gi-dozhivea-najgolemata-srekja-i-taga-poznatiot-fudbaler-go-slavi-prviot-rodenden-na-najmalata-kjerka-06_copy.jpg

Инаку, Роналдо има 5 деца. Ќерките Алана (5) и најмалата Бела Есмералда ги доби од врската со Џорџина Родригез, а има уште три деца од сурогат мајки: Кристијано Џуниор (12) и близнаците Ева и Матео (5).

Прочитајте и Џорџина за смртта на синот: „Се откина огромен дел од моето срце – немав сила да продолжам“

1-godina-otkako-ronaldo-istovremeno-gi-dozhivea-najgolemata-srekja-i-taga-poznatiot-fudbaler-go-slavi-prviot-rodenden-na-najmalata-kjerka-05_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката од Есмералда (57) го отвори домот во Мексико за хрватска новинарка: „Кога дојдов во екс-ЈУ... „Се сеќавам на мојата посета во Хрватска, Словенија... Беше фантастично. Искрено...
Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Таткото на Никола Пелц се огласи првпат по драмата со Бекамови: „Ќерка ми и Бруклин се супер, им пос... „Моето семејство било во медиумите неодамна? Не сум забележал“ - се пошегува прв...
Бела Хадид со загрижувачки фотки: Плаче во болница и прима терапија за лајмска болест Со фотки на кои плаче и прима инфузија, Бела Хадид откри дека повторно е во болн...
Џорџина Родригез мета на шеги – повторно се фали со огромниот свршенички прстен: „Ова е карпата што ... Се споделија многу шеги на сметка на огромниот свршенички прстен на Џорџина Родр...
Џорџина не престанува да се фали со раскошниот живот во Саудиска Арабија, откако Роналдо стана прв ф... Кон крајот на минатата година, Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој стек...

Најчитани неделава