Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Беше јавно посрамотена на судењето, му го исплати долгот на Џони Деп и побегна – Амбер Херд живее мирен живот во Мадрид со ќерката

По јавното судење со Џони Деп, во кое јавно беше посрамотена и стана една од најомразените жени во Холивуд и во светот, Амбер Херд се повлече од јавниот живот и се труди колку е можно повеќе да остане далеку од очите на јавноста. Наводно, таа конечно е среќна во Шпанија, каде може да се посвети на мајчинството без премногу гужви и врева околу неа.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-01.jpg

Каде е и што прави Амбер Херд (37) по судењето со Џони Деп? Успеа ли на поранешниот сопруг да му ги исплати долговите? Можеме ли да очекуваме нов филмски проект со неа во иднина? Ова се некои од прашањата што многумина ги интересираат.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-02.jpg

Авторката Алисон Бошоф од Daily Mail, повикувајќи се на сопствени информации напиша поголема статија за тоа каде е и што прави актерката Амбер Херд по судењето за клевета со Џони Деп, по кое ѝ беше пресудено да му отплати отштета на поранешниот сопруг во висина од 10 милиони долари.

Се знае дека Џони Деп ова лето ќе се појави на филмскиот фестивал во Кан, каде ќе биде пречекан како една од најголемите ѕвезди на отворањето на настанот, откако подолго време беше ставен на „црната листа“ на Холивуд, но кариерата на неговата поранешна сопруга Амбер Херд тргна по надолна линија.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-03.jpg

Амбер за последен пат играше во филмот „Aquamen“ во 2021-ва година и оттогаш па наваму речиси и да нема ангажмани.

Веќе подолго време се шпекулира дека таа се повлекла од Холивуд и се преселила во Шпанија каде живее со 2-годишната ќерка Уна Пејџ.

Дел од шпанските медиуми пишуваа дека таа се труди да го сокрие сопствениот идентитет, па се претставува со друго име, а зборува шпански јазик со мексикански нагласок.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-04.jpg

Исто така, се знае дека актерката ја продала својата куќа во Калифорнија по цена од 1,1 милион долари во јуни минатата година, а во декември успеа да постигне договор со поранешниот сопруг и наместо 10 милиони да му исплати отштета од само 1 милион долари.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-11.jpg

Според Алисон Бошоф, сега Амбер одлучила да се пресели во Мадрид, каде купила куќа и живее мирен и повлечен живот со ќерката Уна Пејџ.

Претходно имаше пишувања дека во Шпанија е заедно со нејзината девојка Ив Барлоу, но според објавите на социјалните мрежи, тие две најверојатно се разделиле уште на крајот од минатата година.

„Можам да ви откријам дека таа го напушти Холивуд и се пресели во Шпанија заедно со нејзината ќерка Уна. Течно говори шпански јазик и среќна е таму, затоа што може да се посвети на ќерката без целата гужва и врева.

Мислам дека не ѝ се брза да се врати на работа во Холивуд, но најверојатно ќе се врати тогаш кога ќе биде вистинскиот миг и ќе добие покана за добар проект“ – вели нејзин пријател во изјава за Daily Mail.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-07.jpg

Инаку, за потсетување, на судењето за клевета минатата година, целиот свет имаше можност да проследи голем број бизарни моменти од бракот на Џони Деп и Амбер Херд.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-05.jpg

Беа објавени видео снимки на кои се гледаше како таа гола ги пречекува љубовниците Илон Маск и Џејмс Франко во заедничкиот дом, а исто така се докажа дека и парите што ги добила од разводот не ги донирала во хуманитарни цели, како што тврдеше.

Исто така беше откриено дека Амбер добила лекарска дијагноза и било докажано дека има гранично пореметување на личноста и хистрионско растројство.

beshe-javno-posramotena-na-sudenjeto-mu-go-isplati-dolgot-na-djoni-dep-i-pobegna-amber-herd-zhivee-miren-zhivot-vo-madrid-so-kjerkata-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg