Роденденски честитки од бившиот сопруг и колегите од Friends – Анистон на 51 изгледа подобро од кога било (фото)
- Детали
- среда, 12 февруари 2020
Поранешниот сопруг Џастин објави фотка од неа на Инстаграм Стори, Кортни Кокс се преправи во неа – како ѝ го честитаа славните 51-иот роденден на Анистон, која изгледа подобро од кога било?
Џенифер Анистон на 11-ти февруари го прослави нејзиниот 51-ви роденден. Да, звучи неверојатно, со оглед на тоа што е во топ форма и изгледа совршено.
По повод нејзиниот роденден, славните личности ѝ упатија честитки на социјалните мрежи, а помеѓу сите, се најде и нејзиниот поранешен сопруг, со кој останаа пријатели и покрај разводот пред 2 години.
Кортни Кокс пак, објави фотка со Џенифер, на која и самата таа е „преправена“ во нејзината пријателка, а во описот стои: „Колку и да се трудиш... има само една Џенифер Анистон. Среќен роденден моја драга пријателке. Те сакам!“
Останатите колеги од Friends, Метју Пери и Лиса Кудроу исто така објавиja фотки од неа, како и нејзината блиска пријателка, Рис Витерспун.
Во последниов период, каде и да се појави таа блеска и зрачи со елеганција и сексапил, а важи за инспирација за многу жени ширум светот.
Со нејзината топ фигура, природен изглед и искрена насмевка таа успева да шармира на секој чекор, па не е ни чудо што во последно време постојано се шпекулира дека Бред Пит повторно падна на неа.
Но, не е толку лесно да се постигне тоа. Прочитајте Колку пари троши Џенифер Анистон во една година за да изгледа млада?
За мартовското издание на магазинот Interview, фотосесијата на Анистон беше објавена денес по повод роденденот. На фотографиите таа изгледа совршено, облечена во секси аутфити, а славните личности се восхитуваат на нејзината убавина.
Прочитајте и „Јас не сакам девојки кои цимолат“: 7 мудри мисли за љубовта од Џенифер Анистон
Фото докази дека годините за неа се само бројка и „старее“ со стил:
M. M. | Црнобело