Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Туна Сејдиу и уште 6 познати личности што добија дете во 2021-ва

Некои од нив станаа родители за првпат, а некои го дочекаа второто или третото дете. Некои тоа го направија во тајност, а некои споделија фотографии и од породувањето. Сепак тоа што станаа родители беше топ-тема во медиумите во текот на изминатата година.

poznati-lichnosti-shto-godinava-stanaa-roditeli-nekoi-gi-krieja-bebinjata-a-nekoi-objavija-fotografii-od-poroduvanjeto-01.jpg

Кај нас принова во семејството имаше познатата пејачка Туна Сејдиу, турската актерка Бергузар Корел, пак објави фотографии од породувањето со нејзиното трето дете, а светскиот топ-модел и дизјанерка Емили Ратајковски откако стана мајка на почетокот на годината постојано беше мета на критики за тоа како го чува сопственото бебе.

Кои познати личности во 2021-ва добија дете:

Туна Сејдиу во мај годинава стана мајка по вторпат. 35-годишната пејачка на Денот на мајката го доби второто синче и ги овековечи емотивните моменти по породувањето.

Емили Ратајковски во април годинава стана мајка на бебето Силвестер Аполо Беар. Неколку дена по породувањето на Инстаграм објави фотографии на кои се гледа како го дои бебето. Таа веднаш откако стана мајка се соочи со голем број критики од јавноста за тоа каква мајка е.

Алек Болдвин и Хиларија Болдвин годинава со помош на сурогат мајка го добија нивното шесто дете и тоа само неколку месеци откако го дочекаа петтото.

Инаку за Алек ова е седмо дете, кој покрај шесте деца со Хиларија: Кармен Габриела (7), Рафаел (5), Леонардо (4), Ромео (2), Еду (1) и Марија Лусија Викторија (9 месеци), ја има и 26-годишната ќерка Ирланд Болдвин од бракот со Ким Бесинџер.

Скарлет Јохансон во август 2021-та година го доби првото дете и тоа само 24 часа откако нејзиниот сопруг Колин Јост откри дека познатата актерка е бремена. Тој откри дека добиле бебе и дека се вика Космо, но побара другите да ја почитуваат нивната приватност.

Џастин Тимберлејк на почетокот на годината откри дека тој и неговата сопруга Џесика Бил го дочекале вториот син Финеас шест месеци претходно. Првите фотографии од второто бебе, пејачот ги објави по повод Денот на татковците.

Турската актерка Бергузар Корел, кај нас позната како Шехерезад, пак, беше од оние што со своите обожаватели сподели повеќе детали од породувањето со своето трето дете. Таа на почетокот на ноември ја дочека ќеркичката Лејла, а на Инстаграм објави фотографии од породувањето.

Наоми Кемпбел годинава стана мајка за првпат на 50-годишна возраст. Таа со фотографии на Инстаграм објави дека станала мајка.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg