„Мирните“ партнери ги заменија за „лоши момци“ – 10 славни парови кои ја одбележаа 2021

По раскинувањето на 20-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, Грашо си најде помлада девојка, Џеј Ло го остави Алекс за бившиот свршеник Бен Афлек, а Кортни Кардашијан и Меган Фокс ги заменија старите партнери со „лоши момци“.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-10-slavni-parovi-koi-ja-odbelezhaa-2021-01.jpg

Изминатата година ни донесе повеќе познати парови што речиси секојдневно јавно ја покажуваа љубовта еден за друг. На регионалната и светската сцена интересни беа повеќе славни парови што постојано беа во фокусот на јавноста.

Во 2021-ва година карактеристично е тоа што голем број познати девојки решија да стават крај на долгогодишните врски со нивните „мирни“ партнери и да започнат врска со таканаречени „лоши момчиња“.

За други пак подолго време се „шушкаше“ дека се заедно, но годинава решија да излезат во јавност.

Се чини дека најнов тренд, како во светот, така и на нашите балкански простори е брзото преминување од една во друга врска и замената на старата љубов, со нова.

Така откако во текот на минатата 2020-та година Меган Фокс „повлече“ нога и се раздели со Брајан Остин Грин за да ја започне врската со Машин Ган Кели, годинава слично постапија и повеќе други познати личности.

Славни парови кои ја одбележаа 2021:

Кортни Кардашијан дефинитивно стави крај на сите можности за помирување со долгогодишниот партнер Скот Дисик и започна врска со Тревис Баркер.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-najzheshkite-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-02.jpg

Џенифер Лопез го остави Алекс Родригез и се смири со поранешниот свршеник Бен Афлек.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-najzheshkite-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-03.jpg

Ким Кардашијан по разводот со Канје Вест започна врска со помладиот Пит Дејвидсон.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-najzheshkite-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-04.jpg

Иако Меган Фокс и Машин Ган Кели ја започнаа врската во 2020-та година, во текот на 2021-ва тие не можеа да се одлепат еден од друг и беа во фокус на сите настани.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-najzheshkite-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-06.jpg

Гласините за врската на Ријана со ASAP Rocky започнаа уште во декември минатата година, но дури во мај годинава тој јавно проговори за нивната врска и потврди дека се заедно.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-najzheshkite-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-08.jpg

Зендeја и Том Холанд по повеќегодишни шпекулации решија да им стават крај на гласините и да објават дека се заедно.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-najzheshkite-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-07.jpg

Адел откако се разведе со сопругот Сајмон Конеки, официјално потврди дека има нова љубов – спортскиот агент Рич Пол.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-najzheshkite-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-09.jpg

Рита Ора и Таика Ваитити објавија дека се заедно од јули 2022-та година, но најголемо внимание привлекоа нивните фотографии од бакнување во тројка со актерката Теса Томпсон.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-deset-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-11.jpg

Петар Грашо ја раскина долгогодишната врска со Данијела Мартиновиќ и започна врска со Хана Хулиќ.

Милош Биковиќ јавно раскина со руската танчарка Арина Волошина, а потоа на премиерата на Južni Vetar се појави со новата девојка Ивана Малиќ.

mirnite-partneri-gi-zamenija-za-loshi-momci-deset-poznati-parovi-za-2021-ta-godina-12.jpgФото: Instagram: Ivana Malić Ivana Malić

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тревис побарал дозвола да се ожени со Кортни, на гробот на татко ѝ, не ѝ ги викнал децата – нови дет... Тревис Баркер побарал дозвола од Крис Џенер, но и од починатиот татко на Кортни ...
Кортни Кардашијан откри дека таа го завела Тревис: „Тој немаше никогаш да ме бакне, јас го направив ... „Ме покани да гледаме филм. Додека траеше филмот не проба да ме бакне ниту еднаш...
На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска... Холивудската актерка Рита Морено на 90 години направи фотосесија и покажа дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg