Скандал во изборот, еден од нив моментално го брани Киев – Што знаеме за украинските претставници на Евровизија?

Украинските претставници на Евровизија 2022 важат за фаворити во евровизиските обложувалници, но сè уште е неизвесно дали воопшто ќе учествуваат на изборот што треба да се одржи во мај во Торино, затоа што еден од нив е во украинската војска и ја брани земјата од руската инвазија. Што знаеме за евровизиските претставници на Украина?

skandal-vo-nacionalniot-izbor-neizvesno-e-dali-kje-uchestvuvaat-fakti-za-ukrainskite-pretstavnici-za-evrovizija-koi-vazhat-za-favoriti-01.jpg

Изборот за претставник за Евровизија 2022, во Украина се одржа во февруари, а беше проследен со скандали.

По ова следеше руската инвазија врз земјата и сè уште е неизвесно дали годинешните претставници воопшто ќе имаат можност да настапат на сцената во Торино.

Проследете неколку интересни факти во продолжение:

На националниот избор за песна на Евровизија што се одржа на 12-ти февруари годинава победничка беше пејачката Алина Паш со песната Shadows of Forgotten Ancestors. Сепак, таа беше дисквалификувана поради тоа што во јавноста излегоа информации дека во 2015-та година нелегално била во посета на Крим, а покажала фалсификуван сертификат за враќање, што не бил издаден од граничните служби.

Поради посетата на областа во која во 2014-та година Русија ја презема власта во целост, Алина била окарактеризирана како предавничка и „неукраинка“ која имала концерти во Русија и во Крим. 

Според правилата на националниот избор ниту еден од учесниците не смее да има концерти, изведби или да учествува на приватни настани во Русија или во областите под руска окупација по 15-ти март 2014-та година.

„Јас сум украинска државјанка. Ги следам украинските закони и се трудам да ги покажам украинските традиции и вредности во светот“ – напиша таа на својот Инстаграм профил.

Откако властите потврдија дека никогаш не ѝ издале таков документ, Алина самата одлучи да се повлече од настапот на Евровизија, по што второпласираните на националниот избор Kalush Orchestra со нивната песна Stefania беа избрани за да одат на Евровизија 2022.

Според евровизиските обложувалници украинските претставници Kalush Orchestra во моментов важат за фаворити и се наоѓаат на прво место пред Италија, Шведска, Обединетото Кралство и Грција.

skandal-vo-nacionalniot-izbor-neizvesno-e-dali-kje-uchestvuvaat-fakti-za-ukrainskite-pretstavnici-za-evrovizija-koi-02.jpg

Kalush Orchestra е рап група формирана во 2019-та година, во која учествуваат Олег Псиук, Ихор Диденчук и МЦ Килимен, а нивната песна „Стефанија“ е мешавина од рап музика со фолк мотиви.

skandal-vo-nacionalniot-izbor-neizvesno-e-dali-kje-uchestvuvaat-fakti-za-ukrainskite-pretstavnici-za-evrovizija-koi-03.jpeg

Песната „Стефанија“ е посветена на мајката на Олег и таа самата за првпат имала можност да ја слушне истата за време на националниот избор во февруари. Тие на сцената треба да настапат во првата полуфинална вечер на 10-ти мај.

skandal-vo-nacionalniot-izbor-neizvesno-e-dali-kje-uchestvuvaat-fakti-za-ukrainskite-pretstavnici-za-evrovizija-koi-04.jpg

По руската инвазија, неизвесно е дали трите момчиња воопшто ќе може да учествуваат на Евровизија. Олег Псиук во објава на Инстаграм рече дека еден член од групата во моментов е во војската што го брани Киев.

https://www.instagram.com/tv/CbA_xGIlZcn/?utm_source=ig_web_copy_link

Олег самиот е вклучен во хуманитарна организација што им помага на луѓето да најдат сместување, лекови и им помага при евакуацијата. Тој на својот Инстаграм профил бараше луѓето повеќе да се вклучат во тоа да се постигне мир во неговата земја и конечно „небото да се затвори“.

Слушнете ја во продолжение песната Stefania на Kalush Orchestra:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Рано е, но заљубени се“ – Лиам Нисон и Памела Андерсон официјално се најомилениот холивудски пар „Со Памела... За почеток, лудо сум заљубен во неа. Таа е одлична за работа. Не м...

Најчитани неделава