Србин е воодушевен од болниците во Кина - како во друг свет, здравство од соништата (видео)

„Сè се одвива многу брзо. Ако, на пример, сакате да направите магнетна резонанца, можете да ја завршите за околу половина час“, вели Милан Сариќ, а додава дека во болниците може да свирите дури и пијано и да си пиете кафе Starbucks.

srbin-e-voodusheven-od-bolnicite-vo-kina-kako-vo-drug-svet-zdravstvo-od-sonishtata-video-01.jpg

Милан Сариќ, на Инстаграм познат како „putnik.iz.srbije“, на почетокот од годината ја посети државната болница во Кина и ги сподели своите впечатоци за тоа колку здравствениот систем таму е поинаков.

srbin-e-voodusheven-od-bolnicite-vo-kina-kako-vo-drug-svet-zdravstvo-od-sonishtata-video-02.jpg

„Во Кина болниците се уредени, чисти и добро организирани. Регистрацијата буквално трае само неколку секунди ако не сте странец“, вели Милан, и додава дека доволно е да ја приложите вашата лична карта и да кажете кај кој лекар сакате да одите.

srbin-e-voodusheven-od-bolnicite-vo-kina-kako-vo-drug-svet-zdravstvo-od-sonishtata-video-03.jpg

Тој опиша колку е необично ефикасен и организиран системот, во кој прегледите се извршуваат брзо, а престојот во болница изгледа сосема поинаку од она што би го очекувале.

Милан во своето видео вели:

„Во Кина, лекарот најверојатно прво ќе ве упати да дадете крв, а тоа оди многу брзо бидејќи има околу 20 шалтери за земање крв.

Интересно е што иглата е толку тенка што земањето крв речиси и не се чувствува, а резултатите од стандардните анализи ги добивате за најмногу 30 минути, а често и за само 15 минути.

Во болницата има кафуле Starbucks, продавница, пекарница со печива и колачи, како и столици за масажа. Можете дури и да отсвирите нешто на пијано“.

srbin-e-voodusheven-od-bolnicite-vo-kina-kako-vo-drug-svet-zdravstvo-od-sonishtata-video-04.jpg

Тој истакна дека до болницата се наоѓа и аптека. Терапијата електронски се испраќа директно, а на шалтер ги добивате веќе подготвените лекови.

„Сè се одвива многу брзо. Ако, на пример, сакате да направите магнетна резонанца, можете да ја завршите за околу половина час.

Кога имате силна бактериска инфекција, најверојатно веднаш ќе примите инфузија за побрзо да оздравите и да се спречи понатамошното ширење на инфекцијата.

Здравствениот систем во Кина е многу развиен. Земјата има околу 37.000 болници, од кои секоја е добро опремена, како и уште 100.000 клиники, така што здравствени установи има на само неколку километри растојание“.

srbin-e-voodusheven-od-bolnicite-vo-kina-kako-vo-drug-svet-zdravstvo-od-sonishtata-video-05.jpg

Здравствениот систем во Кина е многу развиен и изгледа како совршено сценарио од нашите замисли како здравство треба да изгледа, зарем не?

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалци...
Застрашувачки видеа од супертајфунот во Азија – над 100 исчезнати во Тајван, 2 милиони евакуирани во... Јужните делови на Кина, Филипините и Тајван се соочуваат со пустошот од супертај...
Одбија да ја пеат химната пред натпревар во Австралија: Каква казна ги очекува фудбалерките од Иран ... Минатата недела, неколку жени од иранскиот фудбалски клуб одбија да ја пеат химн...
Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...
Убави вести од 2025-та кои поминаа незабележано: Во Хелсинки немало ниту една жртва во сообраќајка Озонската дупка „се затвора“ многу побрзо од прогнозите на експертите, а во пери...
Бизарен тренд во Кина: Возрасни користат бебешки цуцли за да се справат со стресот, лекари апелираат... Покрај вообичаените активности за справување со стресот како вежбање јога и прош...

Најчитани неделава