Во Пекинг, судот му наредил на еден маж да ѝ плати 7.700 долари на поранешната сопруга за сите обврски што ги завршувала во домот, во петте години додека биле во брак - сето ова поради закон кој стапи на сила во Кина во јануари годинава.
Повеќе од 1000 години, жените од група племиња во Мјанмар ги тетовирале своите лица, а постојат неколку легенди за настанувањето на оваа традиција...
Во светот постојано се појавуваат луѓе со чудни приказни, а една од нив е Марсела Иглесијас од Лос Анџелес која тврди дека мажите сами ѝ нудат пари за нејзини јајце клетки за да имаат деца што ќе личат на неа.
Една жена се најде на мета на критики од јавноста, бидејќи на венчавката на нејзиниот син облекла фустан речиси идентичен на венчаницата на невестата.
Алис Пејн е мајка на 3 деца која со години е опседната со Дизниленд, па дури го натерала сопругот да напуштат сѐ и да се преселат во близина на овој забавен парк за секој ден да ја „живеат“ неговата магија.
Тројца луѓе кои тврдат дека имале директен контакт со принцезата Латифа од Дубаи, со BBC споделиле неколку видеа кои наводно ги добиле од неа, а во кои принцезата тврди дека татко ѝ ја чува затворена во куќа.
Неколку месеци откако Меган се исповеда дека доживеала спонтан абортус во јули 2020-та, доаѓаат среќни вести од парот – таа е повторно бремена и очекуваат второ дете.
Никол Елкабас (42) од Кент, позната како жената која лажеше дека има рак за да собере пари за лечење, беше осудена со затворска казна во времетраење од 2 години и 9 месеци.
Поради локдаунот во Англија кој започна околу Нова година, жителите на едно гратче воопшто немале можност да уживаат во новогодишните светилки. Сега, одлучиле да ги вклучат уште еднаш, за да внесат барем малку светлина во мрачниот период.
Познатиот бренд Louis Vuitton се најде на мета на шеги и критики поради џемпер од новата колекција, кој наводно чини околу 8.000 долари и е украсен со 14-тина кадифени играчки.
Кејлеб (11) и Арон Текабеворк (9) се братчиња од Филаделфија кои речиси пет години ги растат нивните коси, за да можат да ги донираат за изработка на перики за дечиња кои ја изгубиле косата.
После бура што им го потонала бродот, двајца мажи и една жена поминале цел месец „заглавени“ на пуст остров, а преживеале јадејќи само кокоси.
И годинава се одржа познатиот американски спортски настан Super Bowl, а поради пандемијата, поголемиот дел од стадионот беше исполнет со „публика“ од картонски исечоци. За полувремето, пак, настапи познатиот пејач The Weeknd кој им приреди неаборавно шоу на гледачите.
Џони ѝ приредила прекрасно изненадување на мајка си Луна на денот на нејзината свадба - таа и момчето си ги избричиле главите во знак на поддршка за Луна која имала рак.
„Сфатив дека сум поинаква од другите затоа што бев многу многу влакнеста во споредба со другите девојчиња. Се борев со тоа. Го криев на училиште, па дури и на факултет“.
„Слушаме гласови и чекори секоја вечер, веруваме дека тоа е духот на Мерилин“ – 25-годишна девојка заедно со сопругот живее во една од куќите на Мерилин Монро и го копира нејзиниот стил, а тврди дека со нив живее и духот на холивудската ѕвезда од 50-ите.
Потпретседателката на САД отворено покажува колку е вљубена во својот сопруг Даг Емхоф, нивните фотографии се вистинско освежување по студените и одглумени сцени на Доналд и Меланија Трамп.
Изабел Елеанор од Австралија го сподели своето непријатно искуство на Инстаграм со една авиокомпанија од Австралија. Имено, кога требала да влезе во авионот, била опомената да ја прекрие „непримерната облека“, а оваа манекенка вели дека се почувствувала навистина понижено.