„Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Решив да поразговарам со нејзината мајка и се шокирав кога дознав дека знае за вошките, но одбива да преземе нешто, бидејќи веганите не убиваат живи суштества. Наместо тоа, само ја четка косата на својата ќерка во градината и така им дава шанса на вошките да преживеат“. Како би изреагирале вие?
На фотките од пред и потоа може да се види дека историскиот град Лахајна на Хаваи целосно изгорел до темел, а на некои видеа се гледа како запалени парчиња пловат на површината на водата на Океанот.
„Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопруга и да има 3 деца. Знаев дека мора да ѝ ја исполнам желбата кога докторите кажаа дека нема надеж и дека ѝ остануваат уште само неколку дена“, вели мајката на 10-годишната Ема, која се омажи со својата детска љубов неколку дена пред да почине.
За влегување во водата на Фонтана Ди Треви во Рим можете да добиете парична казна, но и да ви биде одземена визата за престој. Погледнете како изгледа собирањето на паричките од познатиот споменик во Рим, каде неделно се собираат и до 4.000 евра...
„Пред 4 месеци седев на час и ја дизајнирав оваа тетоважа за татко ми со надеж дека еден ден и мајка ми ќе направи иста. Тој е роден во 1952 година и тоа е нешто на што отсекогаш се чувствував горда додека растев, мислев дека е кул што имам 'постари родители',“ вели Изи, чиј татко неодамна дознал дека боледува од Алцхајмерова болест.
„Мислам дека треба да го однесете партнерот да го гледа филмот Barbie и ова треба да биде тест за вашата врска, за да одлучите дали тој е партнер со кој ќе бидете засекогаш заедно“ - пишуваат жените на соцвијалните мрежи и масовно им раскинуваат на своите дечковци.
„До мојот сопруг: Ако докторот рече да избираш помеѓу мене или бебето, додека се пораѓам, те молам избери ме мене“ - напиша мајка во контроверзното видео што го објави на ТикТок. Што мислите дали е во право?
„Беше вистинска траума - ја загубив косата, не работев, веќе не бев популарната русокоса која сите ја сакаа. По природа сум енергична и позитивна личност, но алопецијата ме смени. Како да ми ја исцица душата. Само купував перики и барав начин да бегам од луѓето“, манекенката Кристи Валдизери повторно стана среќна откако се прифати себеси без коса.
„Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам работата“ – рече во една пригода канадскиот премиер Џастин Трудо за неговата сопруга Софи, со која се разведе по 18 години брак. Таа важеше за најзгодната прва дама, а привлекуваа јавност со интимните фотки што ги објавуваа.
„Чувствуваше главоболка и велеше дека никако не може да ја изгасне жедта“ – тврди братот на 35-годишната Ешли Самерс од САД, која почина откако испила премногу вода. Освен што треба да се внимава на дехидрираност и претераното пиење вода може да предизвика смрт.
„Се снимам самата себеси за својот иден погреб. Јас сум таа што ги снима другите, а никој не ме снима мене“ – само 2 месеци пред смртта 26-годишната Мис Венецуела објавила морничаво видео со кое си ја предвидела смртта. Што знаеме за убавиот модел кој загина во страшна сообраќајна несреќа во САД?
Дали ваков закон треба да се воведе и кај нас? Кинеските власти воведуваат нови правила кои треба да ја ограничат употребата на мобилните телефони кај најмладите и на тој начин да спречат појава на зависност од мобилни телефони.
Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професија, лесно ќе поттикне надеж кај останатите жени дека и тие можат да го направат истото. Но, реално, голема е веројатноста дека не можат.
„Поминав низ многу промени оваа година, па сакав да го закопам моето минато. Прекинав свршувачка, морав да почнам отпочеток, па помислив дека е добра идеја да го закопам тоа што починало“, вели девојката што си направи погреб за роденденот.
Во фрлениот куфер биле нозете и едната подлактица на убиениот милионер Фернандо Перез Алгаба, а главата и торзото биле лоцирани 3 дена подоцна, пишуваат аргентинските медиуми...
Плус сајз девојка од САД се жали: „Многу ме нервира кога под моите фотографии ми коментираат дека сум убава, но би била уште поубава ако ослабам...“
На емотивно видео направено во воз во Франција се гледа како 3-годишно детенце со Даунов синдром застанува до сите патници, нежно ги допира и се поздравува со нив...
„Понекогаш мислам дека е време да се пензионирам, но некој ќе ми рече: ‘Пеги, продолжи понатаму, не запирај’. И, еве ме, уште работам“, вели 102-годишната Пеги Конзак, која преку 50 години држи часови по пливање за најмладите.