„На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше, но толку многу, што решив да си одам. Се сретнавме во холот на хотелот - јас излегував, тој влегуваше. Се гушнавме, му кажав дека брзам. Во тој момент не можев ни да помислам дека тоа ни е последниот разговор - онаков лабав, пријателски, на поминување...“