Храна која има моќ да ја намали анксиозноста и треба да ја јадете почесто
Огромен број на луѓе имаат проблеми со анксиозноста, а во ова модерно време со динамично темпо на живот, тоа е веќе сосема нормално.

Сепак, не треба да ги занемарувате симптомите и не смее да дозволите да „потонете“ во себе.
Не смеете да се запоставите и да дозволите стресот да ве надвладее, бидејќи ако не преземете нешто навреме може да дојде до сериозни последици.
Па, покрај многуте работи, и храната има моќ да ја намали анксиозноста и во овие периоди треба почесто да внесувате одредени витамини и минерали.
Секако, не може да очекувате дека храната ќе ја излечи анксиозноста и секогаш треба да се консултирате и со стручно лице, но добро е да направите сè што е во ваша моќ.
Храна која треба да ја консумирате за намалување на анксиозност:
Храна богата со магнезиум
- Лисест зеленчук, кикирики, цело зрно пченица

Храна богата со цинк
- Остриги и други морски плодови, зрнеста храна

Храна богата со калциум
- Млечни производи како млеко и сирење, зелени лисести зеленчуци

Храна богата со омега-3 масни киселини
- Лосос, туна

Пробиотик
- Кисели краставички, кефир

Храна богата со витамин Б12
- Месо, млечни производи, риба, јајца

Храна богата со витамин Ц
- Брокула, киви, цитрусно овошје

Храна богата со антиоксиданси
- Темно чоколадо, боровинки

Прочитајте и 10 знаци дека душата ви е изморена, а не телото.
М. М. | Црнобело
