„Какви нозе имаш, барем моите да беа такви“ – стои во еден од коментарите до фотографијата што босанксиот музичар Божо Вреќо ја објави на Инстаграм, а на која позира во бело монокини. Тој е познат по својот ексцентричен моден стил, за кој многумина сметаат дека е извонреден, а други го критикуваат и не го поддржуваат.