Во тек е третата трансплантација на срце во историјата на Македонија – браво за докторите и семејството!

Минатата година македонското здравство испиша историја со првата трансплантација на срце, а сега, министерот Филипче објави дека во тек е третата трансплантација – секоја чест за семејството на донорот, како и за нашите доктори.

vo-tek-e-tretata-transplantacija-na-srce-vo-istorijata-na-makedonija-bravo-za-doktorite-i-semejstvoto-01.jpg

Утрово во 6.33 часот министерот Филипче

?__cft__[0]=AZWgPhsBBxMS8AJUhHyjUlgUshwDt8BUd4NWvPFCibELNeYmd1DJpQYlGyfSBxxn9fDqln5XKoGBIykaiVOvVYyKsX1idjLPMFsfIvUol9G8FYrGiMFOR6oyZd_vHn8IRSEwpu89mL25_PaoQ88u6iji&__tn__=%2CO%2CP-R" target="_blank" rel="noopener noreferrer">објави дека започна процесот за третата трансплантација на срце во нашата земја, а на двајца пациенти ќе им бидат трансплантирани и бубрези.

Прво тимот од Клиника за урологија направи експлантација на бубрези, а потоа утрово, кардиохирурзи направија експлантација на срце, по што следеше трансплантација на органи кај пациенти.

?__cft__[0]=AZX5wasElndXQJUVWjML6mrCZ7Pm4J6v2NUHKOYAT1q4PPv42fFlu0fEInIHj3rKX6solkshQ037ahmHgojwlbz8ASc9vwTkzY0i8kTn4QyCxxrfQHx_gdg3kQgusOznej-dT0Wz5wbg0OOqaQ0teaFc&__tn__=%2CO%2CP-R

Моментално се одвива третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, која ја прават проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.

Министерот Филипче

?__cft__[0]=AZUQGWh5rX1PbWaGwVaOCK5esY_IQo9K3GU00YVISodOYcH3dPd_0R2GdyuV28U2IZMeW05fsprtTlTL_k8JsmOn8iJN7_in2Sd0wIv4i2_5IAJh7RQFVvQ7nghFjL-5UtiX_5L4Y5neo2nV6qAXS0fF&__tn__=%2CO%2CP-R" target="_blank" rel="noopener noreferrer">објави фотографии од операционата сала каде се одвива трансплантацијата на срце.

vo-tek-e-tretata-transplantacija-na-srce-vo-istorijata-na-makedonija-bravo-za-doktorite-i-semejstvoto-02.jpg

vo-tek-e-tretata-transplantacija-na-srce-vo-istorijata-na-makedonija-bravo-za-doktorite-i-semejstvoto-03.jpg

vo-tek-e-tretata-transplantacija-na-srce-vo-istorijata-na-makedonija-bravo-za-doktorite-i-semejstvoto-04.jpg

Првата трансплантација на срце во историјата на македонското здравство беше направена во мај 2020, кога срцето на прерано починатата Емилија повторно зачука, а во април годинава, срцето на Верче даде втор живот на младо момче.

Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја, благодарение на вештите раце на нашите доктори, но пред сѐ благодарение на хуманоста на семејствата на починатите донори, кои во најтешките мигови на загуба се одлучуваат некому да подарат втор живот.

Срцето на нивните сакани зачукува одново! Поклон до земја за семејствата на починатите донори кои поставуваат позитивен, хуман пример! 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава