„Имав грдо минато, но тоа е веќе минато. Тоа е зад мене благодарение на мојот ментор и целиот тим. Секој ден ми кажуваа за тоа. Натпреварот беше причината зошто престанав да се коцкам. Губев големи пари. Никогаш не калкулирав - заработував, но изгубив и нешто што ми беше останато од моите родители“, рекол Бојан по победата.
„Ќе сфатите кога ќе пораснете дека родител никогаш не може да ти мисли лошо. Сега мислите дека ви тресат глупости, а за сè се во право и реално, колку и да мислиш дека ти мисли лошо, никогаш не ти мисли лошо. И ќе сфатиш еден ден, ама тоа може да е доцна, не дај Боже. Да си ги почитувате, да им се јавувате“, вели Пајак, кој е многу близок со мајка му и татко му.
„Никогаш нема да заборавам една случка, бев 9-ти месец трудна со Илина и тргнавме да се качуваме на планина. Се качивме што се качивме, ама за симнување не можев чекор да пуштам. Атос се врати по мене, се залепи до мене цврсто и така се спуштивме, јас потпирајќи се на него…“, напиша Сара во емотивната објава.
„Си викам кај ќе ги ставам мастиките, немам ташна, немам телефон. Го гледам деколтето и си ги пикнав внатре“ - вели Љупка Митрова, која носеше прекрасна креација со кристали на својата модна ревија „Гола меморија“.
„Со Филип отсекогаш уживаме во мирни одмори. Нашето секојдневие е динамично и исполнето со обврски, па затоа одморот го користиме за да забавиме и да поминеме квалитетно време како семејство“, вели за CRNOBELO.com Моника Кузмановска, сопругата на ракометарот Филип Кузмановски.
Вака се прави тоа! Со насмевка и самоуверено... Малата Ана, која се избори со тешката болест, е пример како треба во животот. По најголемите бури доаѓаат најубавите виножита и неа ја чекаат токму такви мигови.
Дарко Влогс, некогаш нашиот најзабавен камионџија, покрај Андруш, сподели ретки приватни мигови со сопругата на плажа во Северна Каролина. По сите трауми кои ги остави зад себе, изгледа среќно и опуштено.
„Добредојдовте 52“ напиша една од најомилените водителки кај нас и со видео во бикини, откри дека слави роденден.
„Снимено на почетокот на градбата во 2024 година кај Игор Џамбазов, човекот со кого секоја средба станува лекција. На падините над Дојран, каде што мирот и ветерот се спојуваат со езерото, започнува приказната за еден дом - замислен со душа, поглед и време пред себе“, вели Никола Перевски Пере, долгогодишен пријател на Игор.
Тони, кој во последно време споделува многу повеќе фотки со децата, овој пат покажа топли семејни моменти од одморот на островот Пелопонез во Грција.
„Кога патувам, не сакам да оптоварувам никого да ме фотографира... Затоа однапред закажувам фотограф за 2–3 часа и менувам 8–9 комбинации на облека“, вели Верица Китанова и споделува детали за животот со саканиот, кој ја запроси во Дубаи.
Кога се зборува за преселби и враќање назад од Америка во Македонија, неизбежно прашање е и како да се префрлат заработените пари. На таа тема и прашање, одговара Ивица Јанев, неготинчанец, бодибилдер и нутриционист, кој пред да биде она што е денес, живеел и работел во Америка.
Пред крајот на емисијата која е снимена пред цели 10 години, тие почнуваат да ја пеат во дует песната „А можевме“ од Елена Ристеска, без да знаат дека водителот Жарко Димитриоски им ја носи Елена како изненадување.
Со марами со впечатлив дезен и насмевка како најубав моден додаток, Цветанка изгледа како времето да застанало за неа.
Емакулате Вандера Блажеска во име на љубовта живее во Македонија од 2018 година, но за првпат нејзините родители ја посетуваат тука, сега во 2026-та. Водителката од STARS ТВ шоуто вели: „Поминаа години, но сега кога се пензионирани моите родители конечно го остваруваат ова патување во Македонија“.
По емотивната исповед, Пајак им се заблагодари на сите за поддршката... Дечко со искрена насмевка, тон емоции и ѕвезда. Стефан Лазаров му предвидува: „Пајак ќе стане едно од најголемите музички имиња кои ги имала оваа држава!“ Се согласувате ли? Во време на изместени морални вредности, тој во секоја пригода истакнува колку е горд и благодарен на своите родители.
„Калија изеде пола песок, со Тара мораше некој нон-стоп да биде во вода или да го бара чичкото со крофни, Хана се шеташе низ сите лежалки и си собираше топки и лопатки...“, споделува Христина Пан за слаткиот хаос на првиот одмор со 3 деца и вика дека пожелно би било со вас да си земете баба/дедо како што направиле и тие.
„После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивните татковци. Ќале, ова е за тебе. Те сакам!“, напиша Ивона, која трчаше на Prespa Run за својот починат татко.