Марјана Станојковска танцува на ТикТок предизвик во ресорт во Грција, Светлана Црнокрак блеска на плажа, Игор Џамбазов сподели стара фотка од родителите на плажа, а Бока Конга ги покажува мускулите.
„Секој своја приказна“, напиша Тамара на слатката фотографија, каде Хана, Дарен, Вања и Кира делуваат како и да не се многу расположени за фотографирање.
Никола Станишиќ, единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, во своето Волково ќе се врати со победничкиот трофеј. Прва му честиташе неговата менторка Цеца, која го прегрнуваше и со него ја сподели радоста.
„Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профили и скршените бедотии. „Ако, така му треба што ќутел“ - рекоа злобните кои од злоба живеат и само тоа љубат...“, открива Кирил Ангелов со што се соочил по обелоденувањето на вистината дека бил жртва на педофилија, а потоа и на семејно насилство.
„Денот ми помина во исчекување исто како кога ја правевме свадбата и очекувавме нешто големо. Инаку, јас цело време мислев дека ќе е машко, а Ивана дека ќе е девојче. И Миа велеше дека сака да биде постара сестричка на девојче“, ни кажа Мири откако го дозна полот на бебето што ќе се роди на есен.
„Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас денес го запознав и ми легна на срце. Се вика Константин и тежи 3 кила и 200 грама. И е мојот втор син. Фала му на Бога што ми даде две дечиња и фала ѝ на Александра што ми ги износи“ - рече доктор Горан, кој живее и работи во Германија.
„Сите ги знаеме неговите албуми, но дали знаевте за фактот дека во периодот од 1999 до 2007 година Тоше сними 8 студиски албуми што е повеќе од кој било артист на Балканот?“, гласи дел од објавата на фан страницата за Тоше Проески, нашиот непреболен ангел и најголема музичка гордост.
„Кандидат во јавноста изнесе тврдења дека наводно сум побарала мито од него, што е апсолутна лага и злонамерна клевета. Таквите обвинувања не само што се невистинити, туку длабоко го навредуваат мојот професионален интегритет“, се обрати Вики Миљковиќ на сметка на некогашниот македонски натпреварувач во Ѕвездите на Гранд, Александар Темелков, кој потоа јавно ѝ се извини.
„Не ми беше лесно да се отворам. Може ќе ме разберете, може не, можеби поминувате низ истото... Се плашам дека никаде нема да се чувствувам како да сум вистински ‘дома’. Научив како да останам смирена додека тонам емоционално - и тоа ме плаши“ - се дел од работите кои Јелена ги сподели јавно.
„Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами да си ги прават ноктите дома, сè со цел да заштедат време и пари. Резултатите може да бидат застрашувачки, а јас посведочив на една таква ситуација“, вели Деспина Гоцева, техничар за нокти од Скопје.
„Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факултет, една вечер излегов со другарка во тогашната дискотека Колосеум, каде што првите луѓе од телевизијата Канал 5 ми пратија ливче преку келнерот, со порака да се јавам за снимање и така започна сè“, вели Здравкица Милиќ за CRNOBELO.com.
Повеќе од 1200 ученици од 13 држави (Македонија,Азербејџан, Бугарија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Малта, Романија, Србија, Турција, Узбекистан, Украина и Филипините)
Малиот генијалец Македон освои неколку награди и признанија на турнири по математика во Несебар Бугарија, и уште еднаш нè направи горди пред светот.
„И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион ситници кои треба да се спакуваат, понесат, префрлат од дома до плажа и назад. Но, имаше и нешто многу важно: поврзување“, вели Елена Трпчевска Ѓорѓевскa семеен советник од Скопје и мајка на бебе и мало дете.
Уште во 2020-та година Тијана во свој стил напиша: „Можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит затоа што е МОЈ и нема да филтрирам“, а сега повторно во овој стил објави искрени и природни фотки од јунскиот одмор во Грција и покажа што е самодоверба.
Нивниот омилен начин на летување е кампувањето, па тие заедно со синот Павле и ќерката Една секое лето го минуваат во камп. Актерот ужива во Грција со семејството.
„Почнав да пелтечам на мои 4 години. Соседот мој, ќе кажам сега како е, што е, колел кокошка и знаете мали деца да видат што е. Тој бил свртен со грб, јас сум бил позади него и он главата од кокошката ја фрлил позади и главата од кокошката паднала пред мене и јас автоматски плачење, бладање, плачење 4-5 дена без престан“, ја започнува својата емотивна исповед пејачот Мартинијан Кириловски.
„На летување со мама и тато“, напиша пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ на Инстаграм и сподели фотки со 7-месечната ќеркичка.