„Не познавам топ пејач кој не отпеал крш песна ниту одличен водител кој не направил лапсус. Не познавам и фантастичен бизнисмен кој не направил погрешна инвестиција или изгубил многу пари“ – вели во својот статус Снеже Велков.
Сузана Турунџиева фит на одмор во Грција, Димитар Атанасовски со новородениот син Кирил во прегратка, а пак Антониа Гиговска во сосема природно издание вели: „Да ги потсетам сите девојки и жени дека се најубави природни“.
„Ако сте вегани и патувате низ Балканот, обидете се да најдете сместување на места каде имате можност сами да си готвите храна“ – препорачуваат двајцата блогери од Обединетото Кралство што во изминатиот период ги посетиле балканските земји, меѓу кои и Македонија.
Ќе го помниме по култната реплика во филмот „Трето полувреме“ каде ја толкуваше улогата на Димитрија. Познатите личности масовно го споделуваат видеото во кое тој вели: „Македонија е свето име“, по веста за смртта на актерот Митко С. Апостоловски.
„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана...“, вели водителката Милена Антовска, која додава дека и покрај тоа што не е задоволна, не ги едитирала фотките во бикини.
Нашиот супермодел Катарина Ивановска (33) позира во кампања за македонски дизајнер и изгледа неверојатно.
Колку пати сте посакале да одите на убав појадок со пријателите, а немате ниту една идеја каде да седнете освен класичен ресторан? Кул места низ Скопје со вкусни појадоци.
Славиме значаен јубилеј кој стана синоним за оддавање почит на мажите во Македонија. Петта година по ред се дружиме на официјалниот избор „Мажи на годината“.
„Мојот принц Матиас се роди. Да си ми жив и здрав, благословен од Бога, а за сè друго тука е тато и мама. Матиаа, јас, мама и Алана те сакаме најмногу...“, ја објави среќната вест за приновата бизнисменот Виктор Илоски, кој е во брак со Мартина Михајловска, модел и некогашна водителка на Бекстејџ.
„Љубов е... Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдишувам од нејзината омилена маичка за спиење. Како сега да ја соблекла... Е тоа е љубов“, пишува Игор Џамбазов за својата сакана Илина, која повторно отпатува на нова авантура.
Ќе уживате во жуборот на Беловишката река, ќе имате можност да прошетате покрај неа кон водопадите, но и да си наполните од лековитата вода на местото Петачко водиче, а потоа да се почестите во вкусен оброк во некој од локалните ресторани во зеленило... Беловиште е вистински рај!
Сте го посетиле ли македонското „Памуккале“? Александар Тарабунов очигледно е воодушевен од контрастот на величествените мермерни коцки и смарагдната вода во прилепското село Беловодица...
„На среќата ѝ нема крај“ – напиша популарната македонска пејачка и харфистка Сара Мејс до фотографиите на кои се гледа како заедно со ќерката Илина и сопругот Димитар Атанасовски ја напуштаат болницата.
„Страшно високи трошоци посебно кирија/хипотека, а ниски плати (не во тој размер како во Македонија јасно). Прекрасни плажи за шетање и гледање и природа, но за бањање не можат вода на Халкидики да му носат. Топол океанот, но како да се бањаш во Преспа. Образованието небаре градинка. Домашна никако, книги нема. Здравството одлично доколку се работи за повреда или нешто тешко како рак, сè друго на приватно. Така гинеколог не видов нит другаркиве кои раѓаа. Дерматолог на државно нема, а земја со најголема стапка на рак на кожа. Психијатар државно само ако јадеш живи луѓе по улица инаку како мене ни упат не прифаќаат...“, гласи дел од искрениот Фејсбук статус на Марија Баришин Лус од Скопје, универзитетски предавач на тема одлуката да се врати во Македонија.
Го развеа македонското знаме, а публиката ја крена на нозе откако ги пушти „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано, Јованке“ за време на својот настап – австралискиот диџеј Тими Трампет во свој стил ја вжешти атмосферата во публика пред националниот празник Илинден, за време на фестивалот Ohrid Calling.
Централната прослава на големиот македонски празник Илинден се случи на Мечкин Камен во Крушево, а на социјалните мрежи масовно кружи видеото во кое се гледа како двајца учесници во Илинденската коњаница клекнаа на колено и ги запросија своите девојки.
По кратко боледување згасна животот на познатиот македонски ортопедски хирург Примариус Доктор Ношпал.
Симона Трајковска (28) од Скопје имаше одлично организирана моминска забава во вила со базен со летни коктели со овошје, прекрасни декорации и, се разбира, најдобрите другарки.